17.8 C
Skopje
Tuesday, April 16, 2024
Платено политичко рекламирање

По Заев, се обрати и Вељаноски по што ја напушти салата: Немате двотретинско мнозинство за менување на Уставот

Екс претседателот на Собранието Трајко Вељаноски денеска се обрати пред членовите на собраниската Комисија за уставни промени, а по своето обраќање во кое порача дека нема мандат од граѓаните за да гласа за уставни измени тој ја напушти собраниската сала.

„Изјавувам дека немам мандат ниту намера да учествувам во обидите за менување на Уставот. До сега сами го водевте процесот кој народот го запечати со референдумски неуспех. Продолжете во благопријатна атмосфера, но знајте дека немате двотретинско мнозинство за менување на Уставот“, рече Вељаноски.

Според него, Договорот со Грција бил штетен, нелегален и противуставен и бил склучен во тесен владин круг, без да се вклучат опозицијата и експертите, а не е потпишан ниту од претседателот на државата. Вељаноски додаде дека граѓаните на референдумот го отфрлиле договорот.

поврзани објави

- Advertisement -

Последни објави