Поглед дознава: СДСМ ќе оди на избори без пржинска влада, ВМРО-ДПМНЕ можно е да ги бојкотира

Најголемите македонски политички партии СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ вечерва ќе имаат состанок на извршните тела на партиите, а според пишувањата на одредени медиуми многу веројатно е дека во текот на утрешниот ден ќе одржат и централен комитет.

Како што дознава „Поглед“ од високо партиски извори во СДСМ, владејачката партија се по веројатно е дека ќе инсистира на предвремени парламентарни избори кои мора да се одржат што поскоро, без разлика на тоа дали ВМРО-ДПМНЕ ќе учествува на истите.

Одговорноста за евентуално неучество на такви избори ќе остане на ВМРО-ДПМНЕ како најголема опозициска партија. Сега е шансата да покажат дека имаат доверба од народот и да излезат на избори, па да видиме кому ќе му биде дадена довербата и дали навистина народот е за прифаќање на договорот од Преспа, со конечна цел влез во ЕУ и НАТО, тврди за „Поглед“ висок партиски функционер од СДСМ.

Од друга страна, партиски извори од ВМРО-ДПМНЕ за нашиот медиум велат дека без пржинска влада и исполнување на барањата на ВМРО-ДПМНЕ е илузорно одржување на било какви избори, бидејќи токму референдумот е доволен доказ дека се полнеле кутии, а ако нема пржинска влада нивниот политички опонент, СДСМ, во таков случај, би спремале фалсификат.

За разлика од двете македонски партии, главниот играч во албанскиот политички блок ДУИ ја разгледуваше и ја понудил опцијата да се гласа тајно во Собранието, со цел заштита на пратениците. Од СДСМ го отфрлија таквиот предлог и се повеќе сигурно е дека по вечерашниот состанок, ќе повикаат на избори.

Доколку е можно ова, тогаш оваа ситуација наликува на онаа од 2013 година кога тогашната коалиција предводена од СДСМ на чело со Бранко Црвенковски најавуваше повеќе од два месеци бојкот на изборите, се дури не им се исполнат условите. На крај, сепак Црвенковски поради притисок од надвор, но и од одредени внатрепартиски струи во СДСМ, во последен момент се премисли и излезе на избори.

Дали минатото ќе се повтори со оглед на сегашниот меѓународен притисок ова прашање да се реши час поскоро, но и поради фактот што СДСМ се решени да одат на избори, останува да видиме.

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*