Похувани макарони со сирење готови за 20 минути

Потребни состојки:

Макарони со сирење

2 јајца

200 г лебни трошки (презла)

Масло за пржење

Сол, црн пипер по желба

Постапка:

Макароните со сирење откако сте ги приготвиле, оставете ги да отстојат во фрижидер барем еден ден, или смрзнете ги во замрзнувач.

Со лажица за сладолед направете топчиња од изладената тестенина со сирење. Топчињата можете дополнително да ги дооформите со помош на раце.

Макароните со сирење во облик на топчиња вратете ги во замрзнувач само уште малку за да се стегнат.

Вака приготвените топчиња од макарони со сирење похувајте ги со јајца и лебни трошки. Убаво натопете ги топчињата во јајца двапати и лебни трошки ако сакате покрцкав ефект.

Исто така, посолете и запиперете ги лебните трошки ако сметате дека макароните со сирење не се доволно зачинети.

Топчињата ставајте ги да се пржат во длабоко масло се додека да добијат златно кафеава боја. Исцедете ја вишокот маснотија и послужете ги топли со сос по желба.

Видео:

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*