Повеќе од 6 месеци, граѓаните патуваат без заштита на патот Делчево – Кочани, до кога безбедноста ќе ни биде на последно место?

На патот Делчево – Кочани, после делчевското село Илиово на една од најострите и најопасни кривини, поради реконструкција на патот, повеќе од шест месеци, граѓаните се без никаква безбедност односно заштита.

Како што можете да видите на фотографиите, и покрај тоа што до самиот пат има провалија, која изгледа многу опасно, особено на овој дел од патот бидејќи овде минуваат и тешки товарни возила, надлежните повеќе од шест месеци не преземаат никакви мерки за поставување на браници, со цел безбедноста на граѓаните кои патуваат да биде на повисоко ниво.

Дел од жителите на Делчево веќе почнаа и сами да поставуваат фотографии од самото место, над кои пишуваат дека лично тие ќе отидат да постават браници.

Дај утре нека дојде со мене некој да ставиме некоја ламарина тука.По можност лимар

Posted by Nikolco Atanasovski on Monday, October 1, 2018

Покрај ова, граѓаните кои патуваат почесто по истиот овој пат, упатуваат и јавно барање до институциите односно до МВР да врши поголема контрола на овој пат, но и да им сугерира и да врши еден вид едукација на шоферите со поголемите товарни возила и камионите, да возат побавно на овој дел од патот бидејќи истите поради големината на возилата но и поради поголемата брзина се доведуваат и себеси, но и другите во опасност.

Тоа се европските вредности кои најпрвин токму институциите треба да ги негуваат, за да станеме европска Македонија, во која ќе бидеме безбедни.

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*