Путин: И јас би ја прескокнал оградата ако ме нападнат (ВИДЕО)

Рускиот претседател Владимир Путин денеска го прими ММА борачот Хабиб Нурмагомедов , кој во Лос Анџелес ја прескокна оградата и направи инциденто откако го победи Ирецот Конор Мекгрегор.

Рускиот борач ја одбрани светската титула во лесна категорија во ултимејт фајт во саботата. Путин рече дека провокациите од противниците го натерале Нурмагомедов да ја прескокне оградата и да се тепа со членовите на тимот на Мекгрегор. Уште двајца ччленови на рускиот тим ја прескокнаа оградата и се степаа со Ирецот.

Нурмагомедов, кој во Русија беше пречекан како херој, му рекол на Путин дека му е жал што ја изгубил самоконтролата , но се налутил кога слушнал дека од тимот на Мекгрегор го навредувале неговиот татко и неговата земја.

Путин на тоа се пошегува дека ќе му каже на татко му да не го казни премногу .

,,Не само ти , сите ние можеме да ја прескокнеме оградата доколку не нападнат. “, рекол Путин.

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*