Работа на Малта со македонски пасош – еве кои документи ви се потребни

Граѓаните од земјите кои не се членки на ЕУ, а сакаат да работат во Малта, треба да поднесат барање за издавање на дозвола за работа до надлежните органи, најдоцна три месеци порано.

Всушност, на истите ќе им се додели лиценца за работа, која можат да ја искористат во услови кога не може да се најде работник од ЕУ земја за конкретното работно место. Важно е да се нагласи дека дозвола за вработување се добива пред да се започне со работа во Малта, а секој откриен прекршок на оваа законска обврска е подложен на парична казна.

Потребни документи кои треба да бидат доставени од страна на граѓаните кои сакаат да аплицираат за дозвола за вработување да работат во Малта:

Пријава за дозвола за вработување, соодветно пополнета и потпишана од страна на кандидатот и работодавачот;

Копии на страниците од пасошот кои ги содржат личните податоци, фотографија на кандидатот и а виза за престој во Малта (доколку кандидатот е во Малта кога го поднесува барањето);

Писмо каде ќе напише детални информации во врска со причината за вработувањево Малта;

Кратка биографија;

Доказ за квалификации (дипломи, сертификати);

Една фотографија (со димензии како за пасош);

Копија од писмото во кое работодавачот потврдува дека на голасот не се пријавил државјанин на ЕУ држава;

Сите документи мора да бидат на англиски јазик.

Македонците во Малта најчесто се вработуваат во угостителски објекти. Таму заминуваат на свој трошок како туристи, при што имаат дозволен престој во времетраење од 3 месеци. Во меѓувреме бараат работа, а доколку најдат и работодавачот е задоволен од нив, тогаш самиот им ја продолжува визата за престој до една година. Работа полесно се наоѓа во текот на летниот период, а просечната плата е од 500 до 700 евра. Според искуството на многу Македонци, најдобра опција е да имате некој близок во Малта, каде ќе можете да престојувате додека не најдете работа.

Македонскиот пасош не е проблем, бидејќи како што велат и самите – ретки се државјаните на ЕУ земјите кои доаѓаат да работат таму за таква плата.

Извор: Галама

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*