Рангелова три недели бега од прашањта на Јоци: Безобразно е да си бираш медиуми и прашања кои ти се допаѓаат

Јавни прашања до Даниела Рангелова Даниела Рангелова Пратеник во Собранието на РМ, испратени до неа на 21.9.2018, на кои три недели чекам одговори.

Поради нејзиниот безобразен однос, пресметливост и ароганција да си бира медиуми и прашања кои и’ се допаѓаат, поинаку молчи, прашањата до неа ги објавувам јавно.

,, Почитувана,

По објавувањето на неофицијалната информација дека ќе ја поддржите Владата СДСМ-ДУИ за референдумот, а тоа ќе го обелодените во понеделник на телевизиски медиум, дозволете да ви поставам неколку прашања.

1. Дали е тоа вистина, дека сте подготвени да гласате за уставни измени околу Преспанскиот договор и со тоа ќе влезете во неформална коалиција со партијата на власт и Зоран Заев ?
2. Дали е тоа Ваш личен избор или компензација за ослободителна пресуда во врска со судењето за предметот ,,Насилства во Центар”, процес подигнат од СЈО ?
3. Нели сметате дека со ова ваше делување, со оглед дека сте на висока партиска позиција и пратеник од опозицијата, ќе ги изневерите во голема мера гласачите ?

Со почит,

Јорданка Ивановска ”

Јавни прашања до Даниела Рангелова Даниела Рангелова Пратеник во Собранието на РМ, испратени до неа на 21.9.2018, на кои…

Posted by Jordanka Ivanovska-Joci on Thursday, October 11, 2018

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*