Романија се разбуди: Илјадници граѓани бараат оставка од владата!

Илјадници Романци втора ноќ по ред во Букурешт и други поголеми градови протестираа незадоволни од корупцијата во земјата, а бараат и оставка на владата. Демонстрациите поминаа без инциденти.

Според податоците на локалните медиуми, повеќе од 25 илјади луѓе учествувале во протестот пред зградата на владата на градскиот плоштад „Викторија“.

Според Ројтерс демонстрантите биле околу 40 илјади, што е значително помалку од 100-те илјади од претходната вечер.

Луѓето протестираа против политиката на левоцентристичката влада на Социјалдемократската партија и Алијансата на демократите и либералите, барајќи негова оставка и предвремени избори.

Демонстрантите носеа романски знамиња и знамиња на Европската унија, свиреа со вувузели и скандираа „Оставка!“, „СДП – црвена чума“, „Романија разбуди се!“ и „Ние нема да заминеме!“.

Протести освен во Букурешт, има и во Клуж, Брашов, Темишвар и други.

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*