Сакате да си играте со кучиња – овој ресторан во Тексас плаќа за ова

Ресторан во Тексас нуди примамлив оглас за работа: чување домашни миленичиња додека гостите уживаат во храна и дружење во угостителскиот објект. За таква работа ќе се плаќа по стотина долари. Меѓу обврските се играње со кучиња и надзор на просторот пред ресторанот наменет за домашни миленичиња и повремено дружење и со нивните сопственици.

Dog Friendly MUTTS Canine Cantina ресторан во Далас на вработените за тие обврски ќе им плаќа по 100 долари на час. Пријавата е објавена на Инстаграм и потенцијалните кандидати мора да „стават“ духовити фотографии или видео снимки и да објаснат зошто веруваат дека се најдобри за таа работна позиција.

Кандидатите не смеат да бидат помлади од 18 години. Дополнителни погодности се бесплатен оброк и пијалок во ресторанот.

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*