Samsung го претстави Note 9

Речиси и да немаше никаква потреба од официјалното претставување на новиот Galaxy Note 9. Баш сè, од сликите, до податоците, кои протекоа претходно се покажаа како точни.

Секоја чест на Galaxy S, но Note отсекогаш бил најдобриот телефон на Samsung. Тоа секако ќе биде случај и овојпат. Новиот уред доаѓа со најголем екран досега, батерија со поголем капацитет и електронско пенкало со кое може да се заврши повеќе работа.

Барем до септември или октомври кога Google ќе го претстави новиот Pixel 3, Note 9 ќе биде Android телефонот со најдобар хардвер. Што се однесува до хардверот, на Note 9 може да му позавидат и некои лаптопи. Основниот модел доаѓа со 6GB RAM и 128 GB флеш диск, за цена од 1000 долари. Најдобриот модел чини 1250 долари и доаѓа со 8 GB RAM и 512 GB диск. Ако ова не е доволно со microSD картичка меморијата може да се прошири до 1 TB, на телефон! Како и Galaxy S9 и овој доаѓа со Snapdragon 845 или Samsung Exynos, но Samsung направи прилагодување на графичкиот процесор.

 


Целиот текст прочитајте го ОВДЕ
Извор: it.mk 

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*