Шефот на српската дипломатија Дачиќ за Македонија: Како не ви е срам, лицемери едни?

Тие ја срушија нашата граница и сега се сетија дека немаат прометна граница. Ја отворивте Пандорината кутија и нема повеќе што да се говори за тоа. Како не ви е срам, лицемери едни? Тоа важи и за Македонија.

Го признавте Косово, а сега кога мечката заигра во вашиот двор, велите дека нема промена на границите, изјави шефот на српската дипломатија, Ивица Дачиќ, на заедничката прес-конференција со портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, која се наоѓа во Белград.

Дачиќ, претходно изјави дека изјави дека го поддржува залагањето на претседателот на Србија, Александар Вучи,ќ за разграничување на Косово и оти смета дека тоа е единствено можно и брзо решение.

ИЗВОР: Радио Слободна Европа 

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*