Шешељ за Поглед: Македонија погреши што кога се распадна Југославија не остана со Србија, каде што и е местото!

ПОГЛЕД: Г-дин Шешељ. Два многу важни процеси се случуваат на Балканот. Еден е решавањето на спорот за името меѓу Македонија и Грција, а другиот е официјално признавање на Косово од страна на Србија. И двете држави се условени, односно мораат да ги исполнат овие барања ако сакаат да се придружат на ЕУ и НАТО. Колку Македонија и Србија се независни и суверени држави, имајќи го предвид фактот дека и двете држави се подредени и зависни од барањата и условите кои им ги поставил некој друг?

 

В.Ш.   Ние сме против влез на Србија во ЕУ. За влез во НАТО не смее ни да се размислува. НАТО е криминална организација која го убиваше нашиот народ и кој ја разруши нашата земја. Секојдневното условување на Србија на таканаречениот европски пат е најдобар доказ дека сме во право. Европска унија е гробница за малите народи и властите во Србија и Македонија мораат да се откажат од ЕУ ако сакаат да го сочуваме територијалниот интегритет и суверинитет на државите. Сега се гледа колку Македонија погреши што во моментот на распаѓање на бивша Југославија не остана со Србија, каде што и е местото. Уште тогаш, нажалост, бев во право. Што се однесува до признавање на самопрогласената држава Косово, не верувам дека било кој во Србија би се осудил да ја признае и формално правно. Вашата сегашна власт е под отворено влијание на САД и затоа дојдоа до “решение“ кое очигледно не им одговара ниту на Грците ниту на Македонците.

ПОГЛЕД: Косово е член на меѓународните организации – ММФ, Светска банка, ФИФА. Косово усвои декларација со која се прогласува независност на Србија, а новата држава е признаена од 115 држави, вклувајќи ги САД, Турција, Велика Британија и Франција. Вучиќ често повторува дека Србија не може се да изгуби а да не добие ништо. Што повеќе Србија сега може да изгуби, а што да добие?

 

В.Ш.   „Шиптарските“ лобисти не жалат пари за да својата лажна држава ја зачленат во било која меѓународна организација. Крајната цел им е секако Европска унија. Ние мораме да се потпреме, да се надеваме на својата сила заштитничка, на Руската Федерација, на која сме и благодарни поради тоа што ги штити нашите национални и државни интереси. Добро е што некои држави ги преиспитуваат своите одлуки за признавање на Косово, а некои веќе ја и променија одлуката. Нема никаква причина за Вучиќ да инсистира на решавање на проблемот за Косово и Метохија по секоја цена. Ние мислиме дека ова не е време за конечно решавање на тој голем проблем и дека оваа состојба може да се замрзне, а во разговорите да се врати инсистирањето на резолуцијата 1244 и враќањето на проблемот на ниво на Обединети нации, од каде што Борис Тадиќ и Вук Јеремиќ го изместија Косово и Метохија и тоа беше првиот голем предавнички потег на срспките официјални лица односно претставници.

ПОГЛЕД: Претседателот на Србија често вели дека народот ќе биде тој кој ќе донесе конечна одлука за Косово. Нешто за што сега се зборува и во Македонија за прашањето за договорот со кој се става крај на деценискиот спор меѓу Македонија и Грција. Во Македонија ќе има референдум, дали и во Србија ќе има референдум?

 

В.Ш.   Статусот на Косово и Метохија е регулиран со Уставот на Република Србија и никој нема право тоа да го менува. Вучиќ ќе мора да преземе одговорност за секој свој потег. Српска радикална партија ќе се бори против одржување на референдум, затоа што со референдумот секогаш се потврдува вољата на власта, а не на народот. Го предупредуваме народот да не биде наивен и да не прифати евентуална понуда од Вучиќ за референдум бидејќи референдум спроведува исклучиво власт, а никој од опозицијата ни на било кој начин не може да учествува во спроведување на референдум. Тоа ќе го видете и по примерот во вашата држава.

ПОГЛЕД: Дали Вучиќ ќе го испорача она што Брисел го очекува од него?

 

В.Ш.   Се надевам дека нема. Тој уште седи на две столици, а со години го предупредувам дека тоа не може. Дека мора да се определи и да прифати дека соработката со Руската Федерација е единствен спас за Србија. И секако приклучување на Србија на ОДКБ. Секоја друга одлука би била погубна за Србија и сериозно би ги загрозила српските национални интереси.

ПОГЛЕД: Во едно од вашите неодамнешни обраќања, го предупредувате Вучиќ дека е во опасност, дека некој ќе се обиде да го отруе или да го сруши авионот со кој тој често патува. Кој и зошто би го убил Вучиќ?

 

В.Ш.   Вучиќ е навистина во сериозен проблем. Јас реков само што може да се случи. Американците и Западот се обидуваат во Србија да најдат нов лидер, некој кој би можел слепо да ги слуша. Кога ќе го пронајдат нема да бираат средства односно ќе се обидат на било кој начин да го тргнат Вучиќ. Претпоставувам дека Вучиќ е свесен за тоа.

ПОГЛЕД: Какви се вашите односи со Вучиќ? Има ли вистина во гласините дека позициите сега се променети, дека менторот и политичкиот татко е сега подреден на неговиот бивш студент?

 

В.Ш.  Тоа се будалаштини. Јас со Вучиќ имам разговарано само три, четири пати. Во Влада кога имаше консултации со претставниците на сите политички партии, на приемот на Руската амбасада и во Собранието. Ние немаме никаков личен однос. Јас на Александар Вучиќ ниту сум му ментор ниту политички татко Тој беше фунцкионер на Српска радикална партија и се однесуваше во склад со Статутот на партијата. Томислав Николиќ е негов политички татко. Така и самиот во повеќе наврати изјавуваше во јавноста.

ПОГЛЕД: Во едно од вашите интервјуа зборувате дека Груевски воден од интересите на македонскиот народ, отворил пат за комуникација односно соработка со Русија, нешто што според Вас, покренало западна хистерија, која го соборила од власт. Истиот политичар денес во Македонија е обвинет за неколку дела, па така секој ден е на суд. Ако биде осуден, на бившиот премиер му се закануваат повеќе години затвор. Дали Русија би вложила напори, односно би вршела притисок, за оние кои отворија пат за соработка на Македонија со Русија да останат на слобода?

 

В.Ш.   Никола Груевски трпи последици поради соработката со Руската Федерација затоа што после него власта ја преземаа отворени натовци. Не знам, секако, детали за кривичните пријави против Груевски, но не е добро ако му местат политички процеси. Од про-американски политичари ништо не би можело да ме изненади. Што се однесува до евентуален, како што велите притисок од страна на Русија и мешање во тие процеси, мислам дека Руската Федерација е сериозна држава и дека нема амбиција да се меша во внатрешните работи на други држави или во работата на нивните правосудни органи.

ПОГЛЕД: Факт е дека Македонија од своја страна нема проблем со Грција, но Грција има проблем со името „Република Македонија“. Поради грчкото вето, ЕУ и НАТО имаат свои услови – решете го спорот за името, па ќе влезете во ЕУ и НАТО! Договорот за името постигнат меѓу двете земји беше поздравен од сите големи сили, ЕУ, НАТО, САД и Русија. Зошто Русија, според Вас, го поздрави договорот поради кој Македонија ќе влезе во ЕУ и НАТО? Зарем тоа не е признавање на пораз и упатување индиректни честитки на западните сили кои постојано велеа дека токму ваков договор, Македонија ќе стане членка на ЕУ и НАТО?

 

В.Ш.   Проблемот е во вашите власти и нивната слепа послушност на НАТО и претставниците на ЕУ. Русија како сериозна држава нема причина да не ја прифати одлуката на власта во некоја друга формална суверена држава. Се друго би било мешање во внатрешните работи односно внатрешната политика што е карактеристика на САД и големите западни сили.

ПОГЛЕД: На судењето на Радован Караџиќ велите дека ваша цел била “голема Србија“, вклучувајќи српска Босна, српска Херцеговина, српска Македонија и српска Хрватска, во која би постоело национално единство Во Хаг рековте – не направивме ништо за Македонците да не станат независни, мислевме дека ќе живеат така малку независни а потоа ќе се вратат во заедничка држава со Србија, додавајќи дека таму интервенирале Американците. Дали тоа значи дека Американците се виновни поради фактот што проектот Голема Србија не станал реалност, а што Македонија денеска е независна држава?

 

В.Ш.   Јас бев тој кој ја обнови идејата за Голема Србија која има длабоки историски корени. Горд сум на тоа и уверен сум дека еден ден таа идеја ќе се реализира. САД се главни виновници за крвавиот распад на бивша Југославија и за тоа јавно зборував во текот на хашкиот процес. Доколку тие не се вмешаа се ќе беше различно и Македонија сигурно ќе останеше со Србија и денес Вие не би ги имале тие проблеми со кои се соочувате.

ПОГЛЕД: Господине Шешељ. Како гледате на Балканот за 10 до 15 години? Каде ќе бидат Македонија, Србија, Бугарија, Хрватска?

 

В.Ш.   Јас секогаш верував дека моќна Русија ќе се крене. Зборував и за тоа и кога останатите во Собранието ми се смееа. Верувам дека Руската Федерација ќе го преземе приматот на најголема светска сила и дека тоа позитивно ќе се одрази на сите српски земји. Историјата брзо ќе се сврти. Реализацијата на идејата Голема Србија е се поблиску, колку тоа и да не му се допаѓа некому, колку и тоа некому кој сериозно не ги согледува геополитичките промени, му се чини моментално неутрално.

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*