Што се тоа успешни реформи во здравството

Почитувани колеги, пријатели, пациенти и сограѓани дали знаете во последно време што претставува успешна реформа во здравството во нашата чудесна Македонија?

На кратко да ве потсетам за некои случувања за овие 6 месеци од оваа година:

– „Почитувани специјализанти и млади лекари издржете и почекајте уште малку, доаѓаат подобри времиња!“
Ова е повик од премиерот и министерот за здравство до лекарите. А како да се направи и колку да се издржи само нив им е познато.

– Зголемување на дежурствата за лекарите и другиот медицински персонал- настана хаотична состојба околу исплатата на тоа од кога до кога и како се пресметува дежурството.

– Неколку смртни случаи под сомнителни околности без конретни резлтати од истрагите на специјалните комисии.

– Лошата состојба со снабдувањето на лекови на позитивната листа.

– Проблематичен тендер за централизираните лаборатории. Сè уште е неизвесен резултатот од изборот на фирмата по реакциите на јавноста.

– Новата депонија „Дрисла“ во срцето на Клинички центар за која никако да се најде трајно решение! Па замислете си колеги, пријатели, сограѓани што сè се случува во амбулантите, операционите сали, болничките соби?

– Затворањето на здравствените установи во некои градови и упатување на пациентите во друг град и за најосновни здравствени услуги! (Пробиштип)

– Никако да се доврши зградата на општата болница во Кичево која речиси 30 години ја доградуваат- можеби се надеваат дека многу брзо сите жители ќе се иселат и не ќе мора веќе да трошат средства.

– Покрај многуте советници кои се во незнаен број никако да се досетат и да предложат како да се реши барем еден проблем! Можеби не знаат или не сакаат да се реши нешто?!

– Никаква транспарентост во споделувањето на информации околу иднината и плановите за подобрувањето на катастрофалните состојби во повеќето здравствени установи низ Македонија.

Ние од ГДУ имаме конретни решенија и идеи и готови сме да ги споделиме со министерот и неговиот тим ако бидеме поканети да помогнеме. Станува збор за здравјето на нашите граѓани и како лекари сме должни да помогнеме. Не бараме ниту функции, ниту огромни плати за советување, едноставно бараме волја и желба од страна на владата да се справи со овие проблеми и ние сме спремни да помогнеме.

Го повикуваме минстерот за здравство да се изјасни сигурно и точно барем за едно решение за некој од наведените проблеми кое ќе биде трајно и целосно. Нека се активираат повеќе неговите советници а не само да земаат високи хонорари за титулата советник на министер.

Автор: Енсер Јусуфоски, потпретседател на Граѓанско Демократска Унија- ГДУ

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*