Скопско ЕХО: Скопските улици и тротоари се прават по системот „асфалтирај ги -прекопувај ги“

Крпеницата на асфалтната пешачка патека кај Црвениот крст на булеварот „Кочо Рацин“ е долга педесетина метри колку што беше долг и ископот кој деновиве се правеше за да се постават подземни кабли. Инаку, тротоарот се прекопуваше само неколку месеци по неговото целосно реновирање што се направи летово. Да не зборуваме дека и летово работите траеја долго. Се извадија дотогашни бекатон коцки па по извесно време се стави чакал и после со недели и недели се чекаше да се асфалтира патеката за скопјани да не се мачат одејќи по камењата.

Сега пак, излезе потреба тротоарот пак да се копа бидејќи на некој надлежен доцна му текнало дека тука требало да се постави подземна инсталација. И така, повторно вадење асфалт, повторно копање, чекање се за заврши и да се асфалтира… и по што тротоарот веќе не е ист каков што си беше. Всушност, не е нов, за што сме платиле.

Не можеше ли ова инсталација да се направи летоска, тогаш кога целосно се реконструираше тротоарот за да се одбегне и дополнително трошење средства и нагрдување на градската патека? Сигурно дека можеше доколку оние кои ги планираа интервенциите на време мислеа за тоа што се тука треба да се направи.
– Цело лето одевме по камењата оти реконструкцијата на патеката од Црвен Крст па до Олимписки базен се отегна многу долго. На крај одвај ја асфалтираа, а сега гледам дека пак ја прекопале. Толку ли е тешко навреме да се предвиди што се треба да се вгради под земја. Нема улица во градот да не е прекопана, вели скопјанецот Коста Т.
И навистина, ваквите градежни „репризи“ како да станаа редовна пракса во градот. Се преправа, се менува, се прекопува се и сешто. На двапати се менуваа плочките на централниот градски плоштад што чинеше милиони евра. Таму се преместуваше и споменикот на Цар Самуил. Лани – преклани почна реконструкција на паркот „Жена – борец“ во текот на која се потрошија околу 300.000 евра за да се сменат и канделабри кои беа скоро нови… Булеварот „Борис Трајовски“ кај Стара рампа се прекопуваше брзо време по реконструкцијата: надлежните не можеле да предвидат дека новата голема зграда ќе треба да има приклучок за канализација!?

Прочитајте го целиот текст на Скопско ЕХО – ОВДЕ 

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*