6.8 C
Skopje
Friday, March 29, 2024

СКОПСКО ЕХО: Згазија пешак, па градоначалникот на Аеродром се сети треба дека семафор на Булеварот „Србија“

Требаше ли да се случи толку трагична сообраќајна несреќа во која загина бабата, а нејзиното внуче и дедото да бидат сериозно повредени за да на општинските власти во Аеродром им текне да бараат решение за поголема безбедност на таа улица? Уште колку небезбедни места има во оваа општина како што е на булеварот „Србија“ кои најверојатно ќе чекаат да падне нова жртва за да се „открие“ дека се небезбедни? Вакви прашања се наметнуваат по големата несреќа во која завчера комбето со велешка регистрација ги покосило тројцата пешаци кои коловозот го поминувале на одбележан пешачки премин.

– Комбето буквално ги растури и тоа токму пред полициската станица. Детето го вадевме од под автомобилот, а бабата ја реанимираа на лице место. Дедото избезумен со тупаници се удираше по главата и лелекаше, ни ја опиша несреќата очевидецот Татјана Трошановска – Тоневска.
Таа ни рече дека местото е делница на булеварот по која возилата возат значително побрзо од дозволената брзина не внимавајќи многу на останати учесници во сообраќајот. Истовремено, преку тој пешачки премин секојдневно поминуваат бројни пешаци кои често запаѓаат во опасни ситуации заради брзите возила. Таа директно го прозива градоначалникот на Аеродром Златко Марин.
– Господине Марин, ве молам, заземете се веднаш, да поставите семафори на тој пешачки премин. Растојанието, од едните до другите семафори, е големо. Да се премине пешачкиот премин на тоа место е многу ризично. Многу деца, одат на училиште од другата страна на булеварот, кон Аеродром, и обратно. Се надевам, дека сериозно ќе го разгледате овој предлог, и ќе го ставите на листата со приоритети, потенцира нашата сограѓанка.

Жителите од околните згради досега повеќе пати испраќале барања да се обезбеди пешачкиот премин, но сето тоа било игнорирано. Општина Аеродром дури утредента по несреќата објави соопштение во кое се наведува дека поднела иницијатива во Град Скопје за изнаоѓање ново сообраќајно решение на оваа опасна делница. Значи ли ова дека пак ќе се чека нова трагедија за ваква иницијатива да биде поднесена и за некој друг опасен премин? Зарем досега такви барања не можеа да бидат испратени на градската адреса?

СЕМАФОРИТЕ БЕА ВЕТЕНИ НА ИЗБОРИ, НО СЕ УШТЕ ГИ НЕМА

Средувањето на сообраќајниот хаос во општината, инаку, беше едно од предизборните ветувања на актуелниот градоначалник Златко Марин.

– Ќе поведеме иницијатива до Град Скопје за поставување семафори на сите булевари каде што има премини за училиште… Без решавање на проблемите во сообраќајот, не можеме да зборуваме за безбедна општина, пишува во неговата изборна програма.

поврзани објави

- Advertisement -
- Advertisement -

Последни објави

- Advertisement -