Смејте се сега, оти утре кога и последниот кадарен лекар фати магла од овде ќе виете ко кучиња

Што арно ни се погоди фоткава со анамнеза „кашла како куче“… ем сеир да си фатиме, ем да ги позаебаваме малце лекарите оти малце им е е*авањето додека со сите свои вештини и расположливи средства се обидуваат да ни ги спасуваат животите. Каде е истражувачкото новинарство овде? Најдете го лекарот и фрлете го на толпата разбирачи и сеирџии. Кичево не е Париз, лесно ќе го најдете. Намачкајте го со катран и извалкајте го во пердуви, па белки ќе му дојде паметот и ќе го фати првиот авион за Немачка.

Многу е јако нели… си играме к*р ташак со лекарот, а пак некои медиуми дури објавија дека „на социјалните мрежи имало голем револт, ради односот на некои лекари кон пациентите“. Никој не ги прашува лекарите како им додека од ништо треба да направат нешто. Свесни ли сме за тежината на работата на овие луѓе? Не!!! Не сме свесни, затоа и дозволивме истите да бегаат од овде. А бегаат затоа што, за партиски автобуси на партиски митинг составен од партиски војници веднаш ќе се најдат пари, ама за нова апаратура и повисоки плати на медицинските работници работиве одат некако потешко. После се чудиме зашто учеле лекарите германски, ќе учат и ушите ќе им пукаат, оти веќе не се трпи.

Истите тие сеирџии, кои сега се многу јаки на уста, многу често го земаат приматот, кога ќе треба да се упикаат во нечиј влијателен анус, за да добијат нешто за возврат. Ќе плачат, ќе се лигават, ама ќе го постигнат своето. Тие истите деновиве некако пукаат од инспирација. Револтирани биле…

Да ви кажам ли јас што е револт? Револт е кога близок твој лекар ќе се онесвести на работа по поредната убиствена смена. Револт е кога ќе дознаеш дека лекарите направиле се што е во нивната моќ, но некој твој близок си заминал… револт е кога…

 

Револтот можете слободно да си го изразувате, ама не да мавате по самарот туку ако имате јајца удрете го магарето. Револтирани сте? Кажете му го тоа на министерот за здравство. Кажете му го тоа на премиерот, не ги закачајте лекарите, оти утре кога и последниот кадарен лекар си замине, вие нема да кашлате, туку ќе виете ко кучиња… крастосани кучиња.

 

Автор: Батко Тане
Извор: Трибуна.мк

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*