Стевчо го напуштаат сите: Претседателот на млади на ГРОМ замина од партијата и формираше здружение – МОДА

Претседателот на Форумот на млади на ГРОМ, Благојче Атанососки од денес повеќе нема да ја извршува својата функција, а во иднина ќе дејствува преку проевропско граѓанско движење Македонска опција за демократска акција – МОДА.

Новините тој ги сподели на својот Фејсбук профил, каде преку соопштение порачува дека во иднина ќе се бори против корупцијата, која е најгангренозна „рак-рана“ на македонското општество, која ги има зафатено сите општествени пори.

Покрај Благојче, во иницијативниот одбор на МОДА ќе бидат уште: Никола Атанасов, Петар Васев, Владимир Попадиќ, Жанета Мангарова, Јасмина Адамовска и Никола Стојковски.

Почитувани,На светлиот македонски празник, кога пред точно 77 години, нашите македонски борци тргнаа смело и…

Posted by Blagojce Atanasoski on Thursday, October 11, 2018

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*