Tрета тинејџерка силувана и жива запалена за седум дена во Индија

Трета тинејџерка била силувана и жива запалена деновиве во Индија, пишува „Гардијан“.

Девојката на возраст од 16 години починала од здобиените повреди, а за нејзиното убиство осомничени се двајца мажи.

Од полицијата истакнуваат дека настаните се случиле вчера, а властите се соменеваат дека едниот од уапсените мажи е роднина на починатата девојка кој го известил другиот маж дека таа е сама дома.

Покрај тоа, медиумите наведуваат дека тинејџерката била запалена зашто рекла дека ќе каже дома оти била силувана.

Два слични напади се случија во изминатите седум дена, кога една девојка го загуби животот, а друга заврши во болница.

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

*