„Таен Дедо Мраз“ им ги разубаве празниците на стотици купувачи- еве што направил

„Таен Дедо Мраз“ ги разубаве празниците на стотици купувачи во американското гратче Кенет Сквер, во близина на Филаделфија, откако ги плати нивните долгови, направени кога земаат стока на вересија. Анонимниот добродетел платил речиси 30.000 долари.

Локалниот жител Енди Рамфорд за весникот „Дејли локал“ изјави дека бил шокиран кога дошол да го плати долгот од 150 долари во локалниот супермаркет „Волмарт“, а касиерката му рекла дека некој исплатил чек на 29.000 долари и ги платил долговите на сите купувачи.

-Поради такво нешти и самиот посакуваш да правиш добри дела, вели Рамфорд.

Вработен во Волмарт изјави дека лицето кое ги платило сметките побарало да остане анонимно.

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*