Трамп и Ким Јонг Ун се степале во Сеул: Неверојатни сцени на улиците на престолнината на Јужна Кореја

На улиците на Сеул излегла група граѓани која се противи на политиката на актуелниот претседател Мун Џае Ин кон Северна Кореја.

Активистите носеле маски од лидерот на Северна Кореја, Ким Јонг Ун, американскиот претседател Доналд Трамп и Мун Џае Ин и така извеле мал перформанс.

Фото

Како што може да се види на фотографиите, Ким Јонг Ун носел проектили, а Трамп се обидел да го шутне, што е ја илустрира нивната политика и меѓусебниот однос.

Тука имало и една жена која со гумен чекан удирала во лажниот севернокорејски лидер.

Потсетуваме, Доналд Трамп и Ким Јонг Ун се состанале во Сингапур на 12-ти јуни, а во текот на тој историски самит потпишале заеднички документ во кој се обврзуваат на работа “кон целосна денуклеаризација на Корејскиот полуостров”.

Извор: Точка

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*