21.8 C
Skopje
Friday, March 29, 2024

Три слатки тетовчанки – Одблизу со Шербет

Порталот „Поглед.мк“ направи интервју со АнаМарија Блажеска, Теодора Ветеровска и Марија Костовска, членови на музичкото трио Шербет од Тетово

ПОГЛЕД: Колку време постои „Шербет“ и од каде идејата за името на бендот?

Шербет постои веќе 7 месеци или како што велиме ние, активни сме од пред избори J нормално, сакавме името да ја отлискува нашата идеја за оживување на старите слатки нешта. По дводневна дискусија со повеќе од 100 предлози го избравме ШЕРБЕТ.

ПОГЛЕД: Како започнавте да функционирате како бенд, како настана спојот и колку време функционирате заедно?

Иако звучи шаблонски,Шербет настана спонтано. Пеејќи ги аранжманите на македонските евергрини кои ги имаме обработено со хорот “Менада” во кој членуваме дојдовме до идеја да трите пријателки направат музичко трио кое  својата страст за интерпретација ќе ја ужива  оживувајќи ги македонските стари добри песни ( и по некоја нова )

ПОГЛЕД: Знаеме дека досега функционирате повеќе на локално ниво односно во Тетово, дали се стремите да промовирате свој албум и да ја проширите вашата музичка активност на целата територија во државата, зошто да не и надвор од границите на Македонија…

Да зборуваме за албум е сеуште рано,барем така чувствуваме. За годинава можеби би ја планирале нашата прва авторска песна. Нашите амбиции се големи,но се потпираме на ограничени можности. Планираме да снимаме и во други градови или познати македонски локалитети, а за странство сега за сега ни е само стремеж

ПОГЛЕД: Кој е стилот на музиката која ја свирите?

Сеуште немаме дефиниран стил и не се ограничуваме,сепак станува збор за преработки. Се движиме во некоја етно насока со приноси на елементи од други музички стилови. Штом почнеме да создаваме наши дела многу појасно ќе може да зборуваме за стилот за кој ќе се определиме.

ПОГЛЕД: Како според вас ќе се врати популарноста на македонскиот мелос?

 На глобално ниво кавалитетот на музиката се повеќе опаѓа. Се што треба да се направи за да се „врати“ популарноста на македонската музика е да се излезе од оние шаблони кои зедоа голем замав кај авторите, а исто така  и да се работи на тоа да се врати автентичноста на секој изведувач

ПОГЛЕД: Што треба да се направи за да се појават наследниците на Сариевски, Бадев и Васка Илиева?

Музичарите што ги наведовте се доајените на македонската музика. Тие се и би требало да бидат архетипот на секој македонски музичар. Наследници има, можеби не во таа форма, но во некоја пософистицирана (помодерна) форма. Добар пример е г-динот Ориѓански, кој мошне умешно прави спој на модерното со она изворно македонско.

ПОГЛЕД: Велат патот до успехот и славата е тежок, како вие го замислувате „СВЕТОТ НА СЛАВНИТЕ“ и дали Шербет се гледа таму еден ден?

Нашата цел,како и на секој друг уметник е нашите чувства да ги преточиме во квалитетно авторско дело. Успех за нас ќе претставува да создадеме квалитетна музика. Ако потоа “славата” дојде сама по себе ќе биде наша обврска да бидеме она во светот на славните што би сакале да го слушаме и гледаме. Секако дека почувствувавме дел од таа слава и праејќи ги преработките,но за нас слава е кога гледаме дека уживаат оние кои не слушаат па макар биле и петмина.

ПОГЛЕД: Што мислите за шоу програмите за барање на музички таленти?

Мислиме и тоа без исклучок,дека тоа не се шоуа кои што бараат таленти туку дека бараат веќе готов производ. На пример пеач кој што веќе го оформил гласот, ја совладал техниката на пеење,го совладал сценскиот настап и има се што е потребно за да влезе во студио. Е тука веќе нема простор за таленти кои имаат само потенцијал , колку и да е тој широк.

ПОГЛЕД: Што ќе им порачате на младите заљубеници во музиката

Што порано да се фатат со музика и никогаш да не ја пуштаат хаха

 

поврзани објави

- Advertisement -
- Advertisement -

Последни објави

- Advertisement -