ЦЕНОВНИК: Колку чини лажен пасош за брак во ЕУ?

Личните огласи на балканските интернет огласници се почесто се полнат со граѓани кои бараат фиктивни брачни партнери, за на тој начин да стигнат до државјанство од некоја од земјите од ЕУ, но и прекуокеанските земји.

Човек и жена со унгарско државјанство нудат брак во замена за парична надокнада“, „Потребна е жена од Швајцарија за фиктивен брак“, „Барам девојка од Унгарија за брак, само за добивање на документи“ – се само дел од огласите со понудата и побарувачката.
Цените почнуваат од 3.000 евра, за колку можете да добиете фиктивен брак во Унгарија. За Австрија може да се најдат понуди од 5.000 евра, додека за Канада, Англија и Германија по 6.000 евра. До неодамна брачен другар „на заем“ во Германија можеше да се најде и за пониска сума, но побарувачката е се поголема, пишува „24сата.рс“.

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*