УХМР со изненадувачка прогноза за наредната недела: По студените утра се се менува

Сончево време со високи дневни температури ќе продолжи и во наредната недела. Метеоролозите најавуваат дневни температури до 28 степени, но утрата ќе бидат студени.

Од УХМР соопштуваат дека во наредните денови продолжува периодот на сончево време со мала до умерена локална облачност.

Утрата ќе бидат студени, а дневните температури ќе бидат без позначителни промени и ќе се задржат малку над просекот за овој период од годината.

Утринските температури ќе се движат меѓу два и 10 степени, а дневните меѓу 19 и 28 степени.

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*