ВИДЕО: Деби од соништата за Бабунски – гол, победа и најдобар играч на натпреварот!

Македонскиот фудбалски репрезентативец Давид Бабунски имаше деби од соништата во дресот на Јокохама Маринос во јапонската лига, откако беше стрелец во победата на својот тим од 3:2 над фаворитот Урава ред Дајмонд.

Бабунски со деби гол во првиот натпревар во дресот на Јокохама!

Posted by Спортски Журнал on Saturday, 25 February 2017

Во 13. минута од средбата Бабунски доби одлична топка, по што без размислување шутираше и го матираше противничкиот голман. На крајот од средбата, поранешниот играч на Барселона и Црвена Звезда беше избран и за играч на натпреварот.

„Овој ден ќе го паметам како еден од најдобрите во мојата кариера“, изјави Бабунски по крајот на средбата.

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*