(ВИДЕО) Домашно пилешко гиро од рернa

Кога станува збор за гиро, најлесно е да се јавите и да си нарачате готово гиро кое ќе биде превкусно.

Но, оние кои се љубители на подготовка на месо, секако дека повеќе сакаат сами да си го испечат како во вистинска гиралница.

За среќа, постои начин да си направите гиро без специјални апаратчиња, само треба сочните парчиња пилешко да ги наредите на стапчиња за печење и да ги ставите во рерна, а потоа да ги сечкате ситно.

Додатоците ги бирате сами, лепчето може да биде тортиља или гиро лепче и да уживате во ручек со најблиските.

Потребни состојки:

10 парчиња пилешки гради, 4 чашки јогурт, ½ лимон

Исечкан магдонос, зачини по желба, 1 кромид, 12 тортиљи (по желба зависно од количината)

Додатоци:

Помфрит, Домати, Марула, Пиперка, Кромид

Начинот на подготовка погледнете го во видеото:

Brochette kebab

Brochette kebab ! le kebab à la maison 🙂

Posted by Chefclub on Friday, January 26, 2018

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*