Видео Најубавата музичка Божикна честитка за 2019, е веќе готова!

Најубавата музичка БОЖИКНА ЧЕСТИТКА за 2019, е веќе готова!

“НЕБО И ЗЕМЈА” е нашиот овогодишен Божикен подарок за Вас, и најтопла ПОКАНА, сите до еден, да дојдете на ГОЛЕМАТА БОЖИКНА МАНИФЕСТАЦИЈА утре, на 06.01.2019 од 11 часот на платото пред Св.Димитриј за заедно да ПРАЗНУВАМЕ и да СЕ РАДУВАМЕ! – велат од Здружението „Бадникови поворки“, и упатуваат:

-Најголема БЛАГОДАРНОСТ до Мелем продукција за прекрасниот видео спот и целокупната поддршка, како и до Дарко Данилов (дрон).

– БЛАГОДАРНОСТ до најпрекрасните Елена Ристеска, Влатко Лозаноски, Викторија Лоба, Димитар Андоновски, Некст Тајм, Љубојна, Златно Славејче, Ивица Јанкуловски (студио Алшар), Владимир Димовски (аранжман), Петар Христов (кларинет), Тимко Чичаковски (канон), Симона Богоевска (харфа), Владимир Цветковски ,(виолина), Владимир Димовски (виола), Кирил Јосифов (виолончело), Митко Иванов (контабас).

-Особена БЛАГОДАРНОСТ до г-ѓа Даница Јолевска за драгоценото сведоштво за долгогодишната традиција на “Небо и земја” во битолскиот крај.
И УШТЕ ЕДНАШ ДА ПОТСЕТИМЕ!
⭐⭐⭐⭐⭐⭐⭐⭐⭐⭐⭐⭐⭐

Утре (недела), 6-ти Јануари, од 11 часот, Македонија ќе биде домаќин на најголемиот Божикен настан во регионот, на кој се очекува учество на околу 10 илјади деца од целата земја.

Во Скопје, на плоштадот пред Црквата Св.Димитриј, ќе се одржува ГОЛЕМА БОЖИКНА МАНИФЕСТАЦИЈА со Божикен концерт и Божикна претстава на кои што ќе им претходи топол дочек на коледарчињата преку Камениот мост со бесплатни Бадникови чајчиња и колачиња за секое дете.

За Божикниот концерт ќе бидат задолжени: Елена Ристеска, Влатко Лозаноски, Викторија Лоба, Тамара Тодевска, Некст Тајм, Димитар Андоновски, Љубојна и Златно Славејче, а за Божикната претстава „Најдобриот подарок за Божик“ – ненадминливите Снежана Коневски – Руси, Дејан Лилиќ и креативниот центар Тинтири Минтири.

Манифестацијата пред Св.Димитриј завршува во 12 часот, по што присутните деца ќе бидат поканети да ја оформат најголемата Бадникова поворка во Македонија, и со песна да се упатат кон Соборниот храм каде што пред специјално поставена голема Божикна пештера, ќе бидат дарувани и со Божикни пакетчиња.

Во исто време, Бадникови поворки на радоста, во кои децата на свечен начин ќе го најавуваат Христовото Раѓање, ќе се одржуваат во уште 34 населени места низ земјата, и тоа: Битола, Охрид, Прилеп, Струга, Тетово, Крушево, Ресен, Кичево, Радовиш, Велес, Штип, Струмица, Гевгелија, Валандово, Кавадарци, Куманово, Гостивар, Пробиштип, Свети Николе, Кривогаштани, Демир Капија, Неготино, Богданци, Вратница, Виница, Кочани, Делчево, Дебар, Ростуше, Велгошти, Брвеница, Беловиште, Старо село и Рогачево.

ПРАЗНУВАМЕ, СЕ РАДУВАМЕ! – е мотото на овогодишната манифестација на која СЕ’ ЌЕ БИДЕ БЕСПЛАТНО ЗА СИТЕ, со надеж дека радоста и топлината на Бадник и Божик ќе ја почувствува секое детско срцe.

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*