(ВИДЕО) Нема крај на немирите: брутална тепачка помеѓу навивачите на средбата Црна Гора – Србија

Пред самиот почеток на натпреварот меѓу фудбалските репрезентации на Црна Гора и Србија во Лига на нации, на трибините дојде до брутална тепачка меѓу навивачите.

Како што јавуваат српските медиуми, инцидентот се случил на јужната трибина, меѓу двете навивачки групи, а по скандирања „Србија, Србија“.

Србија дојде во предност во 18. минута од средбата, откако прецизен од белата точка беше Митровиќ.

Ситуацијата е напната и на самиот терен, каде нема убава игра за око, но затоа често судијата санкционира прекршоци и на двете страни, поради грубата игра на фудбалерите од двата табори.

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*