(Видео) „Плачев, бев исплашен. Мислев дека ќе умрам“ – 16-годишно момче го преживеа цунамито во Индонезија

Младо момче кое заедно со уште триесетина студенти било на обука во индонезискиот хотел „Патра Комфорт” го преживеало цунамито. По катастрофата тоа за тамошните медиуми раскажува дека брановите кои биле во висина од околу еден метар го повлекле назад кон морето.

Момчето, Вазки Курниван, раскажува дека од надојдената вода тој прво се удрил во оградата на хотелот додека се обидувал да го земе својот мотор.

Како што посочи тој додека биле во хотелото со останатите ученици луѓето трчале низ ходниците на хотелот и извикувале дека „морето надоаѓа“. Луѓето во паника трчале на сите страни.

Кога тој стигнал до својот мотор веќе се вели било поплавено.

„Ненадејно ме погоди бран висок еден метар, паднав, водата ме однесе далеку од моторот и ја погодив оградата што е околу 30 метри од плажата и силно се фатив за неа, најсилно што можев и се обидував да се спротивствам на надојдената вода. Ми делуваше како да ме влече назад кон морето. Плачев бев исплашен. Викав дали е ова цунами? Мислев дека ќе умрам”, рече 16-годишното момче.

Бројот на жртви во цунамито што се случи вчера вечер во Индонезија порасна на 222, а бројот на повредени на 843. Си-ен-ен пренесува дека властите издале предупредување за нов бран и граѓаните се предупредени да се оддалечат од крајбрежните области.

Прочитајте повеќе на Макфакс – ОВДЕ 

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*