Винс Картер на 42-годишна возраст пред портите на клубот „25.000“

Ветеранот Винс Картер уште е активен во НБА-лигата и е на прагот да влезе меѓу легендите кои дале 25.000 поени во најквалитетната светска кошаркарска лига.

Картер, кој има 42 години, го носи дресот на Атланта Хокс и чука на портите на клубот „25.000“. За да влезе меѓу славните имиња, му недостасуваат уште 13 поени, за кои се предвидува дека ќе ги реализира во наредните мечеви.

Во НБА-лигата над 25.000 поени постигнале имиња како Дирк Новицки, Шекил О’Нил, Кевин Гарнет, Коби Брајант, Мајкл Џордан, Карим Абдул Џабар, Пол Пирс, Кармело Ентони, Реџи Милер, Леброн Џејмс.

Извор: Гол.мк

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*