ВМРО-ДПМНЕ се откажува од Никола Груевски?! „Политичкиот прогон“ врз екс-лидерот стана минато!

Како што минува времето, полека, но сигурно лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски се оддалечува од деструктивните политики на екс-раководството на партијата предводено од Никола Груевски. Одлично е тоа што партијата е потивка во однос на секојдневните соопштенија со кои пред само шест месеци сакаа да не убедат дека врз Груевски се врши политички прогон. Сега такво нешто не можете да прочитате, освен за неколкумина (за кои се согласувам дека не се терористи) кои учествуваа во нападите на пратениците од 27 април (индиректно).

Христијан Мицкоски игра мудро, молчи во однос на бојкотот најавуван од платеници бидејќи знае дека не решава тој, а не решава ниту било која политичка партија. Знае дека ако сака да биде иден премиер на оваа држава, е добро да го остави Заев да ја заврши оваа работа, со што ќе има причина плус за критика пред македонскиот народ, но и прогласување на противникот за “предавник“ во однос на промената на името на државата.

Со тоа Мицкоски покажа дека може потивко да ја бие битката како опозиција, како и да критикува како нормална опозиција за економијата, образованието, здравството ( нешто за кое уште нема никаков напредок ) !

Особено радува фактот што Никола остана сам на своите прес-конференции. Веќе ги нема Антонијо, Илија, Јанкулоска, или било кој друг зад него. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се оддалечуваат од својот екс-шеф, но и пратенички колега. Тоа е добар знак за ВМРО, тоа е добар знак за Македонија!

Пишува: Бранко Димитровски

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*