Во која ЕУ ќе не водат оние кои сакаат да не поделат?! СИТЕ СМЕ ЗА ЕУ И НАТО!!!

Наместо сплотен и единствен, македонскиот народ по којзнае кој пат е повторно поделен. Овој пат, по прашањето: Дали ни е потребна Европската унија и НАТО?

Веројатно, со право, има различни мислења и ставови, аргументи и контра-аргументи по однос на ова прашање. Веројатно точно е дека ЕУ и НАТО не се рајот на земјата, бидејќи такво нешто не постои, исто како што веројатно точно е дека ЕУ и НАТО се каква, таква гаранција за подобар животен стандард (барем малку подобар)

Но, она што повторно боде в очи не е поделбата. Ние навикнавме на тоа да бидеме поделени. Она што не боде в очи, она од што не боли душата е што овој пат политичарите сакаат т.е се обидуваат да не поделат на Македонци кои сакаат, и Македонци кои не сакаат во Европска унија и НАТО. Односно, европски Македонци или изолирани Македонци. Првите се за ЕУ и НАТО, вторите пак за изолација (според некои политичари).

За да биде болката поголема, „вината“ на оние вторите (кои демек се за изолација) е наметната од луѓе кои работат и живеат спротивно на европските навики и стандарди. Зошто го велам тоа? Во ЕУ драги мои “европски македонски политичари“ не можеш да го обвинуваш соседот или оној со кој се натпреваруваш за криминал (дури и под претстпоставка да постои криминал кај него) се дури ти си истиот (а можеби и полош) од него.

Скандалозното делење на тендери на функционери од власта, катастрофалното здравство, злоупотребувањето на државните функции за лични бенефити, зборува дека вие драги мои “европски политичари“ не сте ЕВРОПСКИ, туку типични македонски крадци и лажговци, какви што во светот, каде што во европското семејство не постојат.

Затоа, ви порачувам: Берете памет, дури не е предоцна. Некако лошо ја разбравте лекцијата од Груевски. Ништо не поминува неказнето, ништо не трае вечно! Така и тој, се занесе во власта и моќта, па еве каде е денес. Да нема после плачки. Послушајте го нашиот пријател Столтенберг, послушајте ги нашите пријатели од ЕУ, запрчете рацете и немојте да го делите македонскиот народ на “европски“ и човек за “изолација“. Немојте да ја ограничувате слободата. Секој има право на сопствен избор! Секој од нас е за ЕУ и НАТО, но не и за ЕУ и НАТО во кое ќе имаме политичари кои крадат и лажат на секој чекор, политичари кои не покажале никакви резултати, политичари кои секојдневно имаат по некој нов скандал поврзан со нив и нивните најблиски!

Автор: Клаудија Ризовска (од читателите)

Порталот Поглед се оградува од ставот на читателите

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*