Време за сеење мозоци

Дали знаете кога е вистинското време за сеење мозоци? За да никнат квалитетни?
Не, не зборувам за крај на светот или за пост апокaлипса. Туку за реалната состојба на образовниот систем.

Почнувајќи од поговорката дека што си посеал тоа и ќе жнееш, нашиот образовен ситем ништо не ни посеал па за го собира плодот. Жално е, затоа што овој процес кој е еден од најважните темели за опстанување на една држава па и глобално, ние го третираме како алатка за понатамошна манипулација.

Навикнати се децата да ги влечат за нос наместо да им се отвораат очите. Исто како овци кои само што ќе ја слушнат свирката на овчарот знаат каде треба да одат, но на нас не ни се потребни овци што ќе ја следат свирката на овчарот, бидејќи најголема корист има овчарот, не овците. Со самиот свиреж им кажува каде тој сака да одат не каде тие би можеле да одат, нема слобода на свое мислење и дејствување кога ви е ставен двогледот насочен кон само една дестинација.
Нѐ замислуваат како производ. Тој систем на фабрика кој е воведен и се практикува ни покажува дека не е битно тоа што имате различни способности кога на крај вие ќе бидете истиот производ . Кога ќе ја поминеш фазата на преработка ако имате недостатоци или дефекти ве обвинуваат вас, a не оние кои се грижеле за вас кога сте биле во фаза на оформување, кои требале да алармираат и да ве изградат како личности со морални вредности.

Норвешка чиј образовен систем се наоѓа на врвот се фокусира кон среќата на ученикот. Се фокусира на менталното здравје и критичкото мислење. Табу темите се главни теми за разговор.Покрај тоа што секој учител е секундарен родител и психолог тој е и другар. Таму нема никаква борба за оценување или пак децата да се форсираат на работи кои не им прилегаат, за разлика од кај нас каде децата се запрашуваат уште од најмала возраст дали вредат помалку поради тоа што тој до него има поголема оценка или пак МОРА сите предмети да му “лежат на срце”.

Не вреди. Во време каде една диплома неможе да го определи моето знаење и моите способности, во време каде со врски се добиваат оценки, во време каде булингот е секојдневие, во време каде фокусот е ставен кон “интересните” ученици, во време каде партијата вложува напори за вработување е баш во вакво време ние нема да успееме. Уназадуваме поради застарениот начин на учење, немањето мотивирани и креативни ученици, учители кои не се психички стабилни за предавање, непотребните предмети за таа струка … Уназадуваме,бидејќи сме задоволни со второ или трето место од крајот на листата. Важно ние се удираме во градите дека сме најдобри зошто така медимуите ни кажуваат, зашто така се платени да кажуваат,ние навистина можеме да бидеме најдобрите само доколку образованието престане да се третира како играчка. Затоа дозволете дами и господа да ви помогнеме во процесот на креирање и ние знаеме што би можело да се подобри, за да не ја удираме главата упорно во ѕидот.

Вистинско време за сеење мозоци нема, но тоа не значи дека воопшто нема рок. Потребни ни се реформи ама не брзи туку квалитетни. За да никнат квалитетни умови.

Пишува: Елена Савеска

 

 

 

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*