Вулин: Најопасната идеја на Балканот – „голема Албанија“ мора да запре да се шири!

Српскиот министер за одбрана Александар Вулин денеска изјави дека треба да се запре ширењето на „голема Албанија“, идеја која според него, е најопасна на Балканот.

– Сметам дека треба да се запре ширењето на „голема Албанија“, најопасна политичка идеја на просторот на Балканот. „Голема Албанија“ значи војна и тоа не само војна со Србија и со Србите, туку палење на Црна Гора, Македонија, можеби и Грција и сигурно Србија. Сакате да ја запреме или не сакате или да почекаме на некој поинаков распоред на ѕвездите и силите – запраша Вулин.

Во изјава за Телевизија Хепи тој рече дека за прашањето за разграничување ништо не е договорено, бидејќи најголемите сили се против тоа, за што според него,сведочи и изјавата на германската канцеларка Ангела Меркел.

– Тие сакаат независно и цело Косово – изјави Вулин.

Според него, најголемите светски сили сакаат да ја оправдааат 1999 година бидејќи разграничувањето би значело дека агресијата на НАТО не била според закони и дека на тој начин признаваат дека тие напади биле акт нанасилство, правно и секое друго.

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*