За мојата мајка!

Горчина! Горчина чувствувам, нешто како да ме притиска! Ми фалат моите браќа, моите сестри, моите пријатели, моите соседи, моите верни другари од маало, ми фалат моите роднини, ми фалат другарите од училиште, ми фалат НАШИТЕ!

Таа горчина не е од сега, последиците за истата се токму поради тоа што секој ден е полош од вчера, нашите не гледаат иднина од тука, многумина заминаа, и се враќаат само 20 дена во годината во своето родно место! Народот е жртва! Политичарите НЕ! Тие се само систем – раздели, па владеј! Потоа, тука има компромис и незнајна пропаганда! Пропаганда преку која својот близок се гледа преку нишан, само да се подели општеството на наши и ваши, на вмровци и комуњари, на каури и шиптари, на американофили и русофили. Сите луѓе се фатени за ГУША! Едните се патриоти, другите предавници! А нивните пастири, не покрадоа и уништија! Уништија еден куп перспективи на една прекрасна нација, на еден прекрасен и мирољубив народ, на народ со традиција!

Македонското нема да умре! Македонија ќе постои, но за да постои ќе мораме да кажеме СТОП на партизацијата на општеството, на поделбата меѓу самите нас! Да кажеме СТОП на поделбите на било каква основа, да кажеме ДА за Европска Македонија, да го изодиме трнливиот пат кој ни претстои за посветла иднина! Тоа е единствениот начин оваа држава да тргне напред, да пробаме да извлечеме од калта во која длабоко сме навлезени. Да се обидеме да се вратиме на вистинскиот пат, да се обидеме да обезбедиме егизстенција, живот овде во Македонија! Да, овде во Македонија! Бидејќи ова беше, е и ќе биде М А К Е Д О Н И Ј А !!!

За мојата, за вашата, за нашата Мајка Македонија!

За да не бидеме веќе жртви! Да бидеме навистина СВОИ на своето!

Пишува: Валентина Соколовска

 

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*