Заев: Илинденското востание е Македонско, ако некој од Бугарија сака да го чествува – нека го чествува!

115–годишнината од Илинденското востание македонскиот премиер ја обележа со бугарскиот. Тие беа дел од церемонијата на положување венци и цвеќе на споменикот на Гоце Делчев, на плоштадот „Македонија“ во Благоевград. Но, Заев очигледно, не знае кај бил.

Јас сум политичар кој што секогаш сака да внимава на изјавите кои не се во корист на нашата Македонија. Илинденското востание е Македонско, ако некој граѓанин од Бугарија сака да го чествува – нека го чествува. Јас сум горд што сум првиот премиер што го чествува Илинден како премиер што се поклонува пред гробот на Делчев – рече Заев вчера во интервју за 1ТВ.

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*