10.8 C
Skopje
Friday, April 19, 2024
Платено политичко рекламирање

Заев: По најавата за „метла“ некои веќе се препознаа и уште денес ми се понудија

Триесет години се бориме за НАТО и ЕУ, нема да дозволиме Силјановска да ја уништи таа борба и да дава аболиции, порача Заев од трибина за граѓаните во Тетово.

Тој додаде дека главна задача на оваа Влада и на идниот претседател на државата Пендаровски ќе биде да се осигура правната држава и владеење на правото и дека тој императив мора да се постигне.

„Правдата и законите мора да важат еднакво за сите“ додаде Заев.

„Знам каде се слабите карики, знам кој гризе да сработи. Едно е јасно, ќе има промени. После најавата за „метла“ некои се препознаа и уште денес се понудија“ рече Заев на вечерашната граѓанска трибина во Тетово на којашто уште еднаш се повикаа граѓаните масовно да излезат и да го дадат својот глас за кандидатот за претседател на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски

-Дел од граѓаните не се незадоволни од централната политика и од договорите со Грција и Бугарија или рамковниот договор, туку од оние функционери кои станаа од големото добро утро, а не знаат ни добар ден да кажат, но пораката е примена и ќе има промени, рече Заев.

Тој се осврна и на резулатот на опозицијата и рече дека ако опозицијата беше добра ќе напредуваше во бројот на гласови, но тие паднаа надолу.

поврзани објави

- Advertisement -
- Advertisement -spot_img

Последни објави