Залезот на Меркел може да има последици за Европа

Нејзината одлука предизвика лавина од реакции

Европа е на нозе, откако Ангела Меркел објави дека постепено ќе замине од власт. Францускиот претседател Макрон прв ја пофали за достоинственото решение, а претседателот на ЕК Жан Клод Јункер нагласи дека ништо не се променува и дека Германија останува влијателен играч во европскиот проект. Коментаторите спорат дали почетокот на крајот на Меркел започна со откажувањето да се бори за лидерското место во нејзината партија, или во 2015-та година, кога ги отвори вратите за над 1 милион мигранти

РЕАКЦИИ: Крајот на Ангела Меркел – зошто една од највлијателните личности излегува од политиката?

“Ќе кажа едноставно, Германија е силна држава и лајтмотивот треба да биде “постигнавме толку многу, ќе се справиме.“, изјави канцеларот на Германија Ангела Меркел.

Ја нарекуваат девојчето на Хелмут Кол, Мадам “НЕ“ од времето на европската должничка криза, лидер на слободниот свет. Напуштањето, после 18 години на чело на демохристијаните и 13 години како канцелар, е прифатено различно. Прв реагираше францускиот претседател Емануел Макрон.

Според дел од анализите, вклучително и на авторитетниот “Њујорк Тајмс“, Меркел може да не се задржи како канцелар до 2012-та година, кога и истекува мандатот, а коалицијата со социјалдемократите ќе се распадне. Нејзината оставка доаѓа во тензични моменти за Европа – од една страна поради Brexit, од друга страна поради паднатиот рејтинг на францускиот претседател Емануел Макрон. Со слабеењето на Меркел токму тој може да ги искористи Евроизборите во мај и да се обиде да ја облече мантијата на европски лидер.

Макрон има конкуренти во обидите да го води континентот. Тука се и Матео Салвини во Италија, Виктор Орбан од Унгарија. Тие и двајцата ја сакаат Европа, слободна од железната фатка на Брисел.

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*