14.8 C
Skopje
Friday, March 29, 2024

Затворениците со писмо до Заев – го бараат следново

Доколку ги помилувате луѓето кои се обидоа да ги убијат претставниците на повеќе од 500 илјади граѓани, тогаш зошто да не не помилувате и нас… Ова е пораката која затворениците од затворот “Идризово“ му ја испратија на премиерот Заев, кој не ја отфрли можност за амнестија за 27 април, пренесува ТВ21.

„Сигурни сме дека и Вие самите ја знаете состојбата на затворите во земјата. Сведоци сте на тоа како следеа „казните со препорака“ од претходната власт. Поради овие и поради други причини, се надеваме дека ќе ги прифатите нашите барања“

„Базирајќи се на вашите предизборни изјави, каде вие како премиер изјавивте дека „затворите се преполни со невини луѓе“ кои произлегуваат од прислушуваните разговори на претходната власт, бараме целосна амнестија.“

„Бараме во судовите да се формира посебна канцеларија со цел на тие на кои им е направена неправда во обвинението – казна, да можеме да бараме разгледување на обвинението, казните или предметот“, се дел од пораките кои затворениците му ги испратија на Премиерот.

Целиот текст можете да го прочитате на ТВ21 – ОВДЕ 

поврзани објави

- Advertisement -
- Advertisement -

Последни објави

- Advertisement -