Земјотрес во Италија, има и повредени

Земјотрес со јачина од 4,8 степени според Рихтеровата скала утрово е регистриран во провинцијата Катанија на италијанскиот остров Сицилија.

Епицентарот на земјотресот бил на територијата на општината Санта Марија ди Ликодија и на длабочина од девет километри. Според локалните медиуми, неколку лица биле хоспитализирани со мали повреди, и во состојба на шок. Како резултат на земјотресот, паднати се дел од фасадите на неколку згради. Локалните власти во општината отцепија поединечни области.

Штети се предизвикани и во две соседни општини – Бјанкавила и Адрано. Потрерсот бил почувствуван на целата територија на провинцијата Катанија, како и во провинциите Ена и Месина и во градот Сиракуза.

Во јули беа објавени извештаи дека научниците забележале нова сеизмичка активност во областа на вулканot Етна, кој е најголем во Европа. Тој исто така се наоѓа во западниот дел на островот.  (МИА)

Извор: Курир

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*