Заев до Меј: Овозможете ни ја евроатланската интеграција, ја заслужуваме!

Денешнава ваша посета, прва после долго време и во таков карактер е круна на долгогодишното пријателство и партнерство. Сакам да порачам дека ќе продолжиме да даваме причини низ демократските и реформски процеси за клучни прашања како што е обезбедувањето на светскиот мир за да го добиеме заслуженото место во ЕУ и НАТО.

Нашите евроатлански интеграции се важни за нас, но и за регионот.  Сакам да посочам дека Македонија од заробена држава успеавме да ја претвориме во функционална демократија. Овој исчекор и реализација на реформскиот план 3-6-9 се поддржани од ЕУ. Се поставивме и како лојален партнер на НАТО и ЕУ за случајот со мигрантската криза. Ние низ дела порачуваме: Овозможете ни ја евроатланската интеграција, ја заслужуваме, рече премиерот Заев на заедничката пресконференција со англиската премиерка Тереза Меј.

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

*