fbpx
7.7 C
Skopje

10 мајстори во фудбалот кои никогаш не ја освоија Лига на шампиони

АКТУЕЛНО

Спасовски : Тоа што го прави ВМРО ДПМНЕ е чисто лицемерие , страв и бегство од пораз , но тоа е нивен проблем

Ние рековме дека ќе одиме со чесна понуда за сите изборни процеси, Сашко Николов е таа чесна понуда и ние излегуваме пред граѓаните без...

Царовска : Штипјани треба да бидат горди што имаат можност да го изберат Сашко Николов за градоначалник

Штипјани треба да бидат горди што имаат ваков сограѓанин од една страна , но уште поважно што може да го изберат за градоначалник. Тој...

Богоjeски со жестока порака до Милошоски и Апасиев:Македонците и Албанците имаме слична историја и исти маки сме препатиле

Обидот на типчиња како Антоњо и Апашиненко да направат меѓуетнички судири во Македонија со приказната за “шиптарот Османи кој ги продава македонскиот идентитет и...

Николов: Социјална правичност и еднаквост за сите штипјани

ПРВА ЛИНИЈА Home ИЗБОРИ Николов: Социјална правичност и еднаквост за сите штипјани December 1, 2020 13:10 Како иден градоначалник се обврзувам дека ќе продолжам да работам...

Беа најдобри играчи на своите тимови, најдобри стрелци во лигата во која играа, освојуваа светски и европски првенства, многу титули и купови, но никогаш не го подигнаа пехарот од Лига на шампиони.

Лига на шампиони е сигурно светото злато во европскиот фудбал и најпрестижното натпреварување во светот.

Натпреварувањето е форматирано така да има и групна фаза и нокаут систем, а овој трофеј можеле да го освојат само најдобрите.

Сепак, постојат фудбалски легенди кои не го освојуваа. Не е битно колку титули освоиле во различни натпреварувања, нивната биографија не е исполнета без еден ваков вреден трофеј.

ЛУИС НАЗАРИО ДЕ ЛИМА РОНАЛДО

Само три фудбалери во историјата ја освоиле наградата на ФИФА за најдобар играч на годината (денес таа награда се вика “Златна топка“) Роналдо, Зидан и Меси, но единствено популарниот “Зуба“ не ја освоил Лига на шампиони.

Бразилецот во својата кариера настапувал за големи клубови во Европа како што се ПСВ, Барселона, Интер, Реал Мадрид и Милан.

Се смета за еден од најкомпетентните напаѓачи во блиско минато, а најголемото негово достигнување во неговата кариера се два освоени мундијали со Бразил. Роналдо е најдобриот стрелец во историјата на светските првенства со 15 погодоци. Иако постигнал дури 49 голови во европските клупски натпреварувања, никогаш не се качил на врвот на Европа.

Најголемата шанса веројатно ја имаше со Реал каде што постигна дури 104 голови и беше соиграч со тогашните легенди Фиго, Зидан, Раул, Роберто Карлос и Бекам, но сепак не успеа. Со Интер во 1998. година со Интер го освои УЕФА КУП и Купот на победници 1997. година со Барселона.

РОБЕРТО БАЏО

Сигурно еден од најдобрите напаѓачи кои Италија ги имала. Популарниот “Божански коњски реп“ како што го нарекуваа, и покрај своето мајсторство ќе остане запаметен по промашениот пенал на финалето на Светското првенство од 1994. година против Бразил, а освојувањето на Лига на шампиони тој неславен факт можеше да го промени. Тој не е миленик на среќата, па така после пет сезони поминати во Јувентус ја напушти “старата дама“ која наредната година ја освои Лига на шампиони, победувајќи го Ајакс на пенали.

ДЕНИС БЕРГКАМП

Сигурно еден од најчудните напаѓачи во последните 20 години. Кариерата почна да ја гради во Ајакс, а својот дострел го достигна дури во Интер и Арсенал. Го освои УЕФА КУПОТ, по еден со Арсенал и Интер. Во три наврати ја освои Премиер-лигата и два ФА КУПА со „топчииите“, но за жал остана со празни раце кога станува збор за најпрестижниот пехар.

ЕРИК КАНТОНА

Кантона беше легенда на англискиот фудбал во 90-тите години. Култна фигура на Англија која со Манчестер Јунајтед освои четири титули. Најблизу до освојување на Лига на шампиони беше во 1997. година, кога “црвените ѓаволи“ испаднаа во полуфиналето од Борусија Дортмунд, која подоцна го освои и трофејот.

МИХАЕЛ БАЛАК

Веројатно личноста која ќе остане запаметена како играч кој освоил највеќе втори места. Германскиот репрезентативец навистина немаше среќа во освојување трофеи. Беше три пати фудбалер на годината во Германија. Многу пати го освои второто место во Бундеслигата и Премиер- лигата. Балак го изгуби и финалето од Светското и Европското првенство со својата репрезентација, а два пати губеше и во финалето од Лигата на шампионите.

https://www.youtube.com/watch?v=E28uN2SI8Dg

ЗЛАТАН ИБРАХИМОВИЌ

Шведскиот напаѓач настапуваше во врвни европски клубови во текот на целата своја кариера – Ајакс, Јувентус, Интер, Барселона, Милан и ПСЖ. Но, и покрај тоа тој не успеа да ја освои Лигата на Шампиони. Дали тоа ќе му успее со Мурињо во Јунајтед, останува да видиме.

ЏАНЛУИЏИ БУФОН

Сигурно најдобриот голман на светот во последните 20 години. Единствениот голман кој ја освои УЕФА наградата за играч на годината во 2003. година. Девет пати беше прогласен за најдобар голман во Серија А, а дури доби и признание за најдобар голман на 21. век.

Со репрезентацијата на Италија Буфон освои Светско првенство 2006. година, а со неговиот Јувентус неколку пати Лига и Куп на Италија. Најблизу до освојувањето на трофејот во Лига на шампиони беше во 2003. година, кога на Олд Трафорд Милан ја совлада старата дама на пенали.

ФРАНЧЕСКО ТОТИ

Еден од најлојалните фудбалери на сите времиња. Човекот кој остана во Рома до крајот на својата кариера, два пати прогласуван за фудбалер на Серија А, како и пет пати за италијански играч на годината. Тоти е втор стрелец во италијанското првенство каде што постигнал повеќе од 233 голови, а за “римската волчица“ играше 22. сезони во кои за жал ниту еднаш не го освои најпрестижниот трофеј.

ПАВЕЛ НЕДВЕД

Феноменалниот чешки играч е еден од најдобрите играчи во средниот ред во историјата на Серија А. Освои неколку титули во Чешка со Спартом Праг и во Италија со Лацио и Јувентус. Познат е по својата неисцрпна сила, прекрасните дриблинзи и феноменални голови. Како професионален фудбалер имаше кариера цели 19 години, а добитник е и на Златната топка во изборот на “Франс Фудбал“.

РУД ВАН НИСТЕРЛОЈ

Неверојатна статистика го краси холандскиот напаѓач во Лига на шампиони, но тој никогаш не освојуваше. Тој е третиот стрелец во историјата на ова натпреварување со 56. голови и три различни сезони беше најдобар стрелец во елитата. Тој е единствени од десет најдобри стрелци во историјата на Лига на шампиони кој никогаш не ја освоил. Интересно е тоа што Ван Нистерлој дури осум години својата кариера ја помина во клубови кои не настапуваа во ова европско натпреварување се додека не се испроба во Ман. Јунајтед и Реал Мадрид, но тие гиганти тогаш не имаа свој состав кој би можел да дојде до тронот. Играјќи за Јунајтед постигнал 38 голови во сите европски натпреварувања, што е рекорд од овој англиски клуб.

https://www.youtube.com/watch?v=nMEcda_dzYo

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Спасовски : Тоа што го прави ВМРО ДПМНЕ е чисто лицемерие , страв и бегство од пораз , но тоа е нивен проблем

Ние рековме дека ќе одиме со чесна понуда за сите изборни процеси, Сашко Николов е таа чесна понуда и ние излегуваме пред граѓаните без...

Цеца два пати гостувала во една иста емисија, а ова ниkој не го забележал

Српската мега ѕвезда Цеца два пати гостуваше во една иста емисија именувана како „Хит Твит“. Првиот пат на 10 мај кога и го напушти студиото...

Спасовски на средба со актуелниот градоначалник на Штип: Тема на разговор претстојните избори и соработката на локалната самоуправа со полицијата

Денеска имав средба и со вршителот на должноста градоначалник на Штип каде исто така разговаравме за претстојните избори, но и за соработката на локалната...

Звучи како виц, но не е: Маж испешачил 400 километри за да ја разбистри главата по кавгата со жена му

Мажот бил запрен од полицијата рано во понеделникот во близина на Фано во централна Италија. Тој беше уморен и премрзнат, изјави полицаецот Антонио Скванци. Тој на...

Најново: Кафеаните, кафулињата, трговските центри ќе затвораат во 17 часот – соседна Србија со најнови мерки

Српската Влада денеска треба да усвои нови мерки за спречување на ширењето на Ковид-19, предложени од Кризниот штаб. Една од мерките ќе биде угостителските...
- Advertisement -