fbpx
19.8 C
Skopje

10 моќни лековити својства на куркумата

АКТУЕЛНО

Куркумата е често користен зачин во источната кујна, но таа е корисна не само во исхраната, туку служи и како лековито средство. Во Индија таа се користи со векови, каде што на почетокот се користела главно за бојадисување на ткаенини во заситени жолти и портокалови тонови.

1. Зачинот е природен антисептички и антибактериска компонента. Таа се користи за дезинфекција на исекотини и рани од изгорено. Делува добро на псоријаза и други воспалителни кожни состојби.

2. Научниците сметаат дека овој лековит зачин може да го намали ризикот од детска леукемија.

3. Ако се комбинира со карфиол се смета дека куркумата може да го намали ризикот од рак на простата. Се повеќе анти – канцерогени својства на куркумата се откриваат од експертите, вклучувајќи превенција на рак на дојката. Лабаротириски тестови врз животни покажуваат дека во иднина зачинот може да се користи како основа за лекување на некои видови рак, вклучувајќи рак на панкреасот, но и за превенција односно заштита од многу други болести.

4. Куркумата има силен потенцијал за вклучување во моќни антиинфламаторни лекови и затоа може да се употребува за лекување на различни воспаленија. Заради своите анти – воспалителни својства, природен лек е за реума и артритис.

5. Куркумата е природна детоксирачка состојка за црниот дроб која помага за исфрлување на токсините од организмот.

6. Погодна е за дијабетичари затоа што има поволно влијание врз регулирањето на нивото на инсулин во крвта, а се покажало дека делува поволно и на кардиоваскуларниот систем намалувајќи го нивото на лошиот холестерол.

7. Лабараториските тестови покажуваат дека оваа лековита состојка може да го успори развојот на склероза.

8. Зачинот делува добро на дигестивниот систем и може да се користи за лекување на нарушена апсорпција на масти во организмот, но ако се користи често може да го иритира желудникот.

9. Во Кина се користи како лек за депресија

10. Куркумата може да се користи во прав и капсули. Главната состојка на Куркумата е куркумин.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -