fbpx
6.8 C
Skopje

Средба Заев – Лепа Бабиќ

АКТУЕЛНО

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, претпладнето се сретна со амбасадорката на Босна и Херцеговина, Лепа Бабиќ.

На состанокот се разговараше за потребата од што побрза разврска на политичката криза во Македонија.

„Очекуваме во понеделник да се избере новиот претседател на Собранието кој ќе го извести Ѓорге Иванов дека е должен веднаш да ми го даде мандатот за состав на новата реформска Влада“, сооопшти претседателот Заев.

На средбата се разговараше за очекувањата на домашната јавност, граѓаните и бизнис секторот за стабилизација и развој на Македонија.

„Европската унија и НАТО ги поддржуваат демократските процеси во Македонија и отвораат врати за овие стратешки перспективи на земјата. Имаме демократски обезбедено парламентарно мнозинство од 67 пратеници и Програма на новата реформска Влада за унитарна Македонија, посветена на потребите на граѓаните. Не смее никој да ги блокира институциите за лични цели и затскривање од одговорност за направени криминални дела. Знаеме дека имаме работа со неразумно и исплашено раководство на ВМРО-ДПМНЕ коешто е подготвено да ги жртвува интересите на граѓаните и државата и затоа внимателно ги движиме процесите. Но граѓаните избраа промени и тие ќе се случат“, рече претседателот Заев.

На состанокот се разговараше и за продлабочување на економската и културната соработка помеѓу Република Македонија и Босна и Херцеговина во блиска иднина.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -