fbpx
18.8 C
Skopje

15 години ја барала својата биолошка мајка: Еден ден дознала тајна која и го промени животот

АКТУЕЛНО

Жена која поминала 15 години во потрага по биолошката мајка, откри дека всушност работела рамо до рамо со неа во текот на две години, без да има и најмала идеја дека двете биле роднини.

40-годишната Џени Томас од американскиот град Рочестер е меѓу 16-е луѓе кои се учесници во предавањето на TLC “Одамна изгубеното семејство”, кое им помага на луѓето да се состанат со биолошките роднини.

„Паднав во шок“, вели Џени за New York Post откако дознава дека нејзината колешка Нитај Валдез е нејзината биолошка мајка. „Гледав во толку многу лица во овие години. Навистина ли е таа? Дали таа постојано гледа кон мене, зашто ме познава? „Сето ова време сум ја гледала жената која ме знаела како нејзина ќерка“, вели уште Џени.

Нита била ќерка на свештеник кој се срамел од нејзината вонбрачна бременост. Така била принудена од нејзиниот татко да го даде своето бебе на посвојување. Сепак, Нита не можела да очекува дека кога ќе порасне, нејзината ќерка ќе помине неколку години во потрага по мајка и, која ја дала на посвојување.

За време кога двете жени биле колешки, Нита и Џени велат секој ден и имале пријателски однос. Џени исто така признава дека никогаш немала инстинктивна врска со Нина. Таа, исто така, забележува дека нејзината биолошка мајка секогаш се смеела на нејзините шеги.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -