fbpx
-2 C
Skopje

15-ти конкурс за наградата “Жан Моне” за најдобри достигнувања во покривањето на темата “ЕУ за ТЕБЕ?”

АКТУЕЛНО

Се огласи пред да замине: Ќе се вратам на некаков начин

Американскиот претседател Доналд Трамп им порача на присутните во воената база Ендруз дека ќе се врати на некаков начин и секогаш ќе се бори...

Николовски со честитка за Богојавление: Да се обврземе на чесност, одговороност, правичност, меѓусебно помагање и разбирање

Вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и ресурси Љупчо Николовски по повод денешниот голем христијански празник упати честитка од православниот...

Kaракачнов со нова изјава: Самиот Бучковски има добра волја, но тие кои го праќаат кај нас немаат

Најнови вести поврзани со македонско бугарските односи Тој вели дека македонските власти три и пол години не направиле ништо и сега се надеваат на тоа...

Венkо штотуkу соопшти: Во изминатите 24 часа дури 2953 луѓе биле тестирани, а позитивни се 556 од нив

Во последните 24 часа се направени 2953 тестирања, а регистрирани се 556 нови случаи на ковид-19 Починати се 22 лица, десет пацинети од Скопје...

Делегацијата на Европската Унија го објавува 15-тиот конкурс за наградата „Жан Моне“ за најдобри достигнувања во покривањето на теми поврзани со темата “ЕУ за ТЕБЕ?”.

Наградата Жан Моне ќе биде доделена во 3 натпреварувачки категории:

1. Конкурс за најдобра новинарска сторија (за стории објавени во печатени медиуми и/или на интернет)
2. Конкурс за најдобра репортерска фотографија (за фотографии објавени во печатени медиуми и/или на интернет)
3. Конкурс за најдобра аматерска фотографија

Конкурс за најдобра новинарска сторија

Творбите кои ќе учествуваат во оваа категорија се авторски стории на тема: “ЕУ за ТЕБЕ?”, објавени во национални весници, списанија и на веб-страници, во периодот меѓу 20 ноември 2016 и 19 ноември 2017.

Сториите треба да ги исполнуваат следните критериуми:
– Сторијата да се однесува на темата „ЕУ за ТЕБЕ?”;
– Сторијата да е објавена во периодот меѓу 20 ноември 2016 и 19 ноември 2017;
– Сторијата да е потпишана со вистинското име на авторот;
– Авторот да е македонски државјанин.

Копии од новинарските стории во дигитален ПДФ формат, заедно со изјава во писмена форма, потпишана од авторот, со која гарантира дека таа/тој е автор на сторијата, треба да се испратат на следнава електронска адреса: [email protected], најдоцна до 20 ноември 2017 година во 18.00 часот. Секој од пријавените ќе добие потврда за прием по електронска пошта од страна на ЕУ инфо центарот.

Награда: статуетка, диплома и парична награда од 1.000 евра.

Конкурс за најдобра репортерска фотографија (за фотографии објавени во печатени медиуми и/или на интернет)

Конкурсот е отворен за сите професионални фоторепортери и фотографи од земјата, кои може да поднесат до 3 фотографии на тема „ЕУ за ТЕБЕ?”, објавени во периодот меѓу 20 ноември 2016 и 19 ноември 2017.

Фотографиите треба да ги исполнуваат следните критериуми:

– Темата на фотографијата да биде „ЕУ за ТЕБЕ?”;
– Фотографијата да била објавена во периодот од 20 ноември 2016 и 19 ноември 2017;
– Фотографиите да не се користени за комерцијални цели;
– Авторот да е македонски државјанин.

Копии од фотографијата/фотографиите во дигитален формат (големината на секоја фотографија треба да биде 3-5 MB), заедно со изјава во писмена форма и потпишана од авторот со која гарантира дека таа/тој е автор на фотографијата, треба да се испратат на следнава електронска адреса: [email protected], најдоцна до 20 ноември 2016 во 18.00 часот. Секој од пријавените ќе добие потврда за прием по електронска пошта од страна на ЕУ инфо центарот.

Награда: статуетка, диплома и парична награда од 1.000 евра.

Конкурс за најдобра аматерска фотографија

Конкурсот е отворен за сите фотографи аматери од земјата кои може да достават една фотографија на тема “Човекови права”. Фотографиите кои се натпреваруваат во оваа категорија може, но не мора, да бидат претходно објавени.

Фотографиите треба да ги исполнуваат следните критериуми:

– Темата на фотографијата да се однесува на човековите права;
– Фотографијата да не е користена за комерцијални цели;
– Авторот да е македонски државјанин.

Кандидатите за оваа категорија треба да ги испратат своите пријави на следнава електронска адреса: [email protected], најдоцна до 20 ноември 2017, до 18.00 часот. Секој кандидат може да испрати по 1 (една) фотографија (големина на фотографијата 3-5 MB) како и да гарантира дека тој/таа е автор на фотографијата со испраќање на изјава во писмена форма на истата електронска адреса. Секој од пријавените ќе добие потврда за прием по електронска пошта од страна на ЕУ инфо центарот.

Награда: диплома и парична награда од 500 евра.

Забелешка: Делегацијата на Европската Унија нема да се смета за одговорна за каква било законска обврска што произлегува од какви било спорови околу авторските права, за кои исклучиво е одговорен пријавениот натпреварувач. Делегацијата на Европската Унија го задржува правото да ја поништи квалификацијата на пријавената творба околу која се спори и да ја повлече доделената награда и паричната награда.

Дополнителни информации

Жири комисијата ќе се состои од седум члена – претставник од Делегацијата на Европската Унија, Секретаријатот за европски прашања, минатогодишниот победник во рамки на категоријата за најдобра репортерска фотографија, минатогодишниот победник во рамки на категоријата за најдобра новинарска сторија, претставник од новинарско здружение, претставник од ЕУ инфо центарот како и почесен претседател на жирито.

Свеченото доделување на наградите ќе се одржи на 14 декември 2017 година.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Пронашол изгубен новчаник, подоцна добил писмо кое го расплакало

Се враќал од продавница, кога на паркингот до автомобилот забележал туѓ новчаник. Веднаш покажал дека е добар човек, со потегот кој го направил. Џастин Тарел...

Авиooн се срyшил, загинале 520 луѓе, а 35 години подоцна се појавил пак на радарите

Јапонски патнични авион со број JL123 на Japan Airlines се срушил на 12 август 1985 година. И до ден денес според статистиката тој е...

Една од последиците на коронавирусот е опаѓање на косата

Голем број луѓе со коронавирус по закрепнувањето пријавија проблем со опаѓање на косата, а некои познати личности решија да го споделат со јавноста. Една од...

ХАРВАРД ТЕСТ ОД 1869 ГОДИНА: АKО ГО ЗНАЕТЕ ТОЧНИОТ ОДГОВОР, ВИЕ СТЕ НАТПРОСЕЧНО ИНТЕЛИГЕНТНИ

Малку луѓе можат да одговорат правилно на ова прашање. Внимателно прочитајте ја задачата и обидете се да го дадете точниот одговор Универзитетот Харвард е познат...

Лажат штом проговорат: Три хоросkопски знаци кои премногу саkaат да ја извртуваат вистината

Никој не ја кажува вистината во секој момент од животот, на за личностите родени во овие знаци, лажењето е составен дел од денот. Тие...
- Advertisement -