fbpx
21.8 C
Skopje

17 факти за нашиот луд свет, кои не сте ги учеле во училиште

АКТУЕЛНО

Има толку чудни историски факти така што често реалноста изгледа поневеројатна од уметничката фикција. Ваквите приказни го прават нашиот свет уште поинтересно место за живеење. Погледнете ги следниве помалку познати факти:

1. Алберт Ајнштајн можел да стане претседател
На 17 ноември 1952 година, премиерот на Израел официјално му ја понудил претседателската функција на Израел на Алберт Ајнштајн. Физичарот го одбива предлогот, објаснувајќи дека му недостасува способноста добро да работи со луѓе.

2. Родителите на Тутанкамон биле брат и сестра
Последните ДНК истражувања ја потврдуваат претпоставката на историчарите дека египетскиот фараон Тутанкамон е рожба на инцест. На тоа се припишуваат сериозните здравствени проблеми, од кои страдал.

3. Во САД носеле облека направена од вреќи за брашно
Во 30-те години на 20 век за време на Големата депресија во САД, жените немале многу можности да избираат кога станувало збор за облека. Морале да бидат инвентивни, па почнале да ги користат памучните вреќи за брашно, за да сошијат облека за своите семејства. Кога производителите на брашно разбрале за овој тренд, тие почнале да прават вреќи со различни шари.

4. Најголемата птица во светот
Argentagis magnificens е древна птица пронајдена во Аргентина во 1979 година. Научниците тврдат дека птицата живеела на нашата планета пред 6 милиони години. Имала распон на крилјата од 6 до 8 метри и била висока 2 метри.

5. Најчудните SOS пораки
Во 1948 година неколку брода кои минувале покрај Малезија, добиле чудни SOS пораки. Два американски брода добиле сигнали од холандски брод наречен SS Ourang Medan. Во соопштението пишувало: „Сите офицери, вклучувајќи го и капитенот, се мртви. Можно е целиот екипаж да е мртов … умирам. “
Кога отишле на помош, сите членови на екипажот биле легнати мртви, замрзнати, со ужас на лицата и рацете раширени, за да се заштитат од она што било против нив. Дури и кучето било најдено на ист начин. Најчудното нешто било дека на ниедно од телата не биле откриени повреди.

6. Причината поради која користиме отпечатоци
Овие двајца мажи се причината да користиме отпечатоци за да се идентификуваме. Тие имале истото име, биле осудени во истиот затвор и најчудното е тоа што никогаш порано не се виделе. Изгледале како близнаци, без да имаат роднинска врска.

7. Будење
Пред да бидат измислени часовниците со аларм постоела чудна професија на „пробудувачи“. Тие тропале со стап или стрелале со зрно грашок по прозорците на работниците, за да ги разбудат за на работа.

8. Болна азиска убавина
Некогаш во Кина на посебен начин се преврзувале нозете на девојките, за да не растат, бидејќи малите нозе се сметале за убави и женствени, а нестабилниот чекор – симбол за висока општествена положба. Постапката била болна, а резултатот – целосно деформирани нозе и здравствени проблеми поврзани со нив.

9. Огромни кристални пирамиди
Со искористувањето на хидролокаторската технологија, научниците откриле две гигантски пирамиди на 6000 стапки под морската површина. Тие биле направени од нешто што личи на масивен кристал, и се поголеми од египетските пирамиди.

10. Фотомонтажата потекнува од Сталин
Кога некој од најблиските на Сталин одеднаш ќе се претворел во „непријател на народот“ и требало да „исчезне без трага“, војсководецот често наредувал човекот да биде избришан од сите слики на кои се заедно.

11. Некои светци изгледаат како заспани
Постои верувањето дека телата на светците не се распаѓаат после смртта. Најстарото нераспаднато тело е на Света Сесилија, маченица во 177 година од н.е. Нејзиното тело не било распаднато кога бил отворен гробот, спротивно на сите закони на природата.

12. Совет за локацијата на Светиот Грал
Во Стафордшир, Англија, има споменик со криптичен натпис: DOUOSVAVVM. Никој не знае кој го поставил таму и никој не знае што значи, но многумина сметаат дека тоа е порака, оставена од витезите Темплари, за да се најде точната локација на Светиот Грал.

13. Од каде доаѓа зборот hooker
Урбаната легенда раскажува дека за време на американската граѓанска војна генералот Џозеф Хукер секогаш се грижел војниците да му бидат задоволени и во добро расположение така што секогаш водел жени насекаде со војниците. Денес неговото име се користи како жаргон за „проститутка“.

14. Најужасните мумии
Најжасните мумии во светот се мумиите во Гуанахуато. Изразите на нивните лица оставаат впечаток дека биле закопани живи или мачени до смрт.

15. Само сируп за кашлица
Помеѓу 1890 и 1910 година, хероинот, произведен од Баер се продавал како сируп за детска кашлица. Во исто време тој бил понуден и како не-зависнички за замена на морфиумот, популарна дрога во тоа време.

16. Распучин бил сметан за бесмртен
Во својот живот рускиот надри лекар Распучин доживеал многу обиди за убиство. Тој бил отруен, избоден и застрелан во рамките на една ноќ. Убијците сметале дека тој навистина е бесмртен, додека не го фрлиле во студените води на реката Нева, откако го застрелале неколку пати. Неговиот труп бил пронајден неколку дена подоцна.

17. Мајмун помагал во Првата светска војна
Јужноафриканскиот Павија Џеки бил откриен од Алберт Мар непосредно пред почетокот на Првата светска војна. Кога започнала војната, Алберт се вработил во армијата и го земал Џеки со себе. Не само што Џеки ги забавувал војниците туку и ги предупредувал за приближувањето на непријателот. На крајот на службата мајмунот добил медал за својата храброст. По војната Џеки живеел со својот другар Мар до 1921 година.

Извор: Javno.mk

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -