24 C
Skopje

23-годишна девојка не знае што да прави по дипломирањето – доби различни совети, кој да прифати?

АКТУЕЛНО

Јанчев со амбиција да го преземе ВМРО-ДПМНЕ- како што вели најмоќната партија во Северна Македонија

Градоначалникот на Кавадарци од редовите на ВМРО- ДПМНЕ и поранешен потпретседател на партијата, Митко Јанчев, во интервју за „Фокус“ ги открива своите идни планови...

139 нови случаи на ковид 19, оздравени се 534 пациенти, починати се 6 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1377 тестирања, а регистрирани се 139 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-36, Куманово-11,...

ОН загрижени поради расизмот и дискриминацијата на Ромите

Специјалниот ополномоштеник на ОН за малцинства предупредува на засилена дискриминација на Ромите во светот во време на корона. Освен тоа, постои и омраза кон...

Дваесеттите години од животот на една личност веројатно се најтешкиот период. Или барем така мислат 20-годишниците. Во тој период тие треба да донесат големи одлуки, така што честопати се збунети затоа што токму тоа е моментот кога треба да откријат што е нивната страст, аспирација, цели и да ги постават основите на нивните кариери.

Но, понекогаш е потребно многу подолго од една деценија за решавање на овие работи, па не изненадува тоа што многу млади луѓе се под стрес од притисокот да одлучат како ќе се одвива нивниот живот.

Најдобриот совет во ваква ситуација е да оставите работите сами да се решат. Тоа е број еден совет што неодамна го доби дипломираната студентка Кери од нејзините професори.

Откако не знаела што да прави, одлучила да ги праша нејзините професори, поставувајќи им го прашањето: „Ако би можел да го советуваш помладиот ти во момент на несигурност, што би му рекол?“

Еве ги сите совети што ѝ ги дале:

1. Не грижи се премногу. Работите ќе се решат сами.

2. Во свет на мислења и коментари, твоето мислење е најважно кога донесуваш одлуки.

3. Во ред е да бидеш себична и да се ставиш на прво место, потешко е тоа да го направиш подоцна.

4. Кога станува збор за образованието, имај високи цели и дај сè од себе. Тоа е животна инвестиција, па осигури се дека ќе биде вредна.

5. Не прави работи само затоа што твоите пријатели, или полошо твоите родители, ти рекле да ги направиш.

6. Во ред е да направиш пауза одвреме-навреме, те одржува нормален.

7. Млада си. Млада си. Млада си. Ќе имаш чувство како да си стара и како да не си направила многу работи, но јас сум 43 години и сè уште се чувствувам млад. Прави сè што сакаш, грижи се за твојата возраст подоцна.

8. Кремот против стареење и кремот за сончање се одлична инвестиција.

9. Уживај во времето. Уживај во слободата, во патувањето. Кога не треба да правиш ништо, не прави ништо. Нема да го имаш тоа подоцна. Верувај ми, ќе ти недостига тоа време.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -