fbpx
6.8 C
Skopje

23 вработени штрајкуваат со глад во рудникот „Оброчиште“ – Бугарија

АКТУЕЛНО

Претседателот на синдикатот, Ивајло Тодоров соопшти дека вкупно 23 вработени во рудникот „Оброчиште“, во североисточна Бугарија, веќе еден ден се наоѓаат под земјата и штрајкуваат со глад.

Како што јави БТА, тие одбиваат да излезат од рудникот, се додека не бидат исполнети нивните барања за нов колективен договор за работа и фиксен датум за исплата на бонуси и бонови за храна. Под земјата рударите имаат само вода.

„До штрајкот дојде, откако платите за февруари и боновите за храна повторно не стигнаа навреме. Откако вчера дел од рударите објавија штрајк со глад, месечните бонуси за февруари легнаа на сметките. Парите за храна, од друга страна, не се исплатени“, рече Тодоров.

На 23 март, беше прекинат претходниот штрајк што траеше две седмици, откако беше постигнат договор меѓу синдикатот и бугарското Министерството на енергетиката.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -