fbpx
24.8 C
Skopje

Романите на Мисо најпродавани на онлајн пазарот во Македонија

АКТУЕЛНО

Онлајн книжарницата „КупиКнига.мк“ ја објави листата со 20 најпродаванИ книги, од каде што велат дека книгите кои оставиле најголем печат се од жанрот белетристика.

„Романите, трилерите и љубовните книги повторно се најпопуларни, и овој тренд е константен кај нас“, вели Елена Темелковска, продукт менаџер на „КупиКнига.мк“.

Мисо две последователни години се наоѓа на првото место на оваа листа, а овој пат е со неговата книга „Во еден момент“. Вкупно три негови дела се застапени во топ 20 листата. На второ место е „Т.е. љ.у.б.а.м. -тоа е вистината“ од македонскиот писател Александар Алексов, додека на третото место е „Книга на спомени“, која е втор дел од трилогијата „Казна за гревот“ на познатата авторка Бачиќ – Алимпиќ.

На списокот се и книги како „Живот без граници“ на Ник Вујичиќ, „ Терапија“ на Себастијан Фицек , „Умрен човек “ на Игор Џамбазов , „Мотивација“ на Брајан Трејси и „Килибар и свила“ на Неџма.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -