fbpx
19 C
Skopje

Отворен конкурсот за стипендии за студирање на 100. најдобри универзитети во светот

АКТУЕЛНО

Спасовски до Јанушев: Нема никаков договор со Мијалков

Aпсолутно тезите што сега се покренуваат дека некој нешто договарал со некого за одреден случај, мислам дека се демантираат една по друга или се...

Захариева доби прашање дали е можно под притисок да го тргнат ветото: Еве што одговори

Министерката за надворешни работи на Бугарија Захариева во утринско интервју на БТВ, на новинарското прашање може ли под притисок од Европската Унија Софија да...

Битиќи на средба со угостителите: Јас сум еден од тие што потешко го помина вирусот, здравјето е најважно

Угостителите и организаторите на свадби денеска одржаа протест пред Владата, барајќи нови протоколи што ќе им овозможат да продолжат со организирање на прослави и...

Спасовски: Се зголемува безбедноста во сообраќајот, договорени кампањи на МВР и РСБСП за уште побезбеден сообраќај

Се зголемува безбедноста во сообраќајот, договорени кампањи на МВР и РСБСП за уште побезбеден сообраќај. Денеска остварив средба со претседателот на Републичкиот совет за...

Владата на Република Македонија седма година по ред го објави Конкурсот за стипендија за студенти кои ќе запишат прв, втор или трет циклус на студии на некој од 100-те најдобри универзитети во светот, според ранг-листата на Центарот за универзитети од светска класа при Шангајскиот Џио Тонг универзитет.

Конкурсот за доделување стипендии за академската 2017/2018 година е објавен на специјализираната интернет-страница „www.stipendii.mon.gov.mk“, а рокот до кога кандидатите ќе може да аплицираат е 1 септември 2017 година.

„Се работи за мерка која нашата земја ја издвојува како единствена во регионот и една од ретките во светот, ако се земе предвид дека станува збор за исклучителна можност – високи стипендии и голема буџетска ставка која се одвојува оваа како и во претходните години. Паричните износи кои ги исплаќаме на годишно ниво достигнуваат до 40.000 американски долари, само за покривање на уписнината, а дополнително се покриваат и трошоците за живот, сместување и превоз“, изјави на прес-конференција заменик-министерот за образование и наука Спиро Ристовски.

Конкурсот предвидува поддршка за студентите кои ќе се запишат и ќе студираат во областа на техничките науки, архитектурата, градежништвото, математиката, меѓународното право, економија и финансии, физика, биологија, хемија и генетика.

Покрај главниот услов за добивање на стипендијата – студентот да е запишан на некој од 100-те најдобри универзитети во светот, потенцијалниот кандидат треба да исполни и други услови – да е државјанин на Република Македонија, да не е корисник на стипендија од друг давател и да има постигнато успех во претходното образование.

По завршувањето на студиите кандидатите, согласно со договорот што ќе го потпишат за користење на стипендијата, ќе имаат обврска да се вратат во Македонија и да работат во јавниот или во приватниот сектор најмалку двојно поголем период од периодот на стипендирањето.

Ристовски апелираше заинтересираните да се пријават на конкурсот. Соопшти дека во изминатите години оваа поволност ја искористиле околу 200 македонски државјани и најголем дел од нив веќе го завршиле студирањето.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Поучна приказна за Човекот, Бог и празниот куфер која ќе ви го смени животот

Си поминал некој човек. Во еден момент забележал како му се приближува Бог, кој со себе носел куфер. И Бог рекол: „Сине, време е...

Спасовски до Јанушев: Нема никаков договор со Мијалков

Aпсолутно тезите што сега се покренуваат дека некој нешто договарал со некого за одреден случај, мислам дека се демантираат една по друга или се...

Сабриоски до Маричиќ: Плачевте, кукавте, навидум се боревте за нели функционалност на државата се додека не стигнавте на кожната столица

Господине Бојан Маричиќ, министер за правда, не е мое да судам, ниту тоа ќе го направам - ќе ви пресуди перцепцијата на граѓаните за...

Захариева доби прашање дали е можно под притисок да го тргнат ветото: Еве што одговори

Министерката за надворешни работи на Бугарија Захариева во утринско интервју на БТВ, на новинарското прашање може ли под притисок од Европската Унија Софија да...

Битиќи на средба со угостителите: Јас сум еден од тие што потешко го помина вирусот, здравјето е најважно

Угостителите и организаторите на свадби денеска одржаа протест пред Владата, барајќи нови протоколи што ќе им овозможат да продолжат со организирање на прослави и...
- Advertisement -